Сигурни сме дека сте забележале – чизмите до глуждови се вистински хит оваа сезона! Тие лесно се комбинираат со фармерки и со пантолони, но кога станува збор за здолништа, нештата се малку потешки. Која е најдобрата должина? Дали треба да носите хулахопки? Дали чизмите треба да се со високи потпетици? Дознајте во продолжение…rn
1. Изберете тема
rn
rnrnИмате прекрасен пар чизми до глуждови со превртена кожа? Нема проблем! Најдобриот начин да ги комбинирате е доколку се водите од нивниот изглед. На пример, лесно можете да комбинирате рустикален аутфит – облечете го вашето кратко скејтерско здолниште и додајте платнена кошула, па можеби дури и шешир ако сте така расположени.rn
2. Комбинирајте слични материјали и бои
rn
rnrnОва е слично на претходното правило за „темата“. На пример, ако одберете посјаен модел чизми до глуждови, тогаш инкорпорирајте ја таа сјајност во целиот ваш аутфит.rn
3. Заменете ги чевлите за во канцеларија со чизми до глуждови
rn
rnrnЗдодеано ви е постојано да ги носите истите салонки? Надградете го вашиот изглед така што ќе одберете софистицирани, ниски чизми во комбинација со молив-здолниште и погледнете како вашиот живот целосно ќе се трансформира.rn
4. Мини здолниште + чизми со ниска потпетица
rn
rnrnАко сакате да носите мини здолниште, тогаш комбинирајте го исклучиво со чизми до глуждови со низок ѓон. Тоа исто така е совршена можност конечно да ги поносите малку и „силните“ црни чизми што ви се криеле во задниот дел од шкафот.rn
5. За поактивните дами – чизми до глуждови со дебела штикла
rn
rnrnОвие чизми не се толку лесни за менување како салонките, ако нозете почнат да ве болат. Токму затоа и ако сте во движење во текот на денот, одберете чизми со дебела штикла. Така ќе ви биде најудобно.rnrnДознајте и како да носите чизми до глуждови ако сте ниска девојка.
