Погледнете го неверојатниот хотел-меур во Исланд

Погледнете го неверојатниот хотел-меур во Исланд

Дали сакате да се чувствувате како дете и да спиете на отворено? Дали сакате да ги гледате ѕвездите и поларната светлина во студениот Исланд? Замислете да го правите сето ова од некој удобен кревет. Хотелот со 5 милиони ѕвезди ви го овозможува ова. Многу луѓе бараат хотелска соба со убав поглед, но овој хотел ќе ви пружи многу повеќе од тоа.

(1)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Хотелот е лоциран покрај реката Хвита во Скалхолс, Исланд. Во неговите „соби“ ќе се чувствувате како да сте во огромен лампион опкружени со елки покриени со снег. Вистинска зимска бајка.

(2)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Собите на хотелот се големи проѕирни сфери кои нудат неверојатно искуство. Најдобро од сè е што нивната внатрешност е навистина топла, па сигурно нема да смрзнете.

(3)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Секоја сфера е поврзана со заедничка кујна и тоалет. За разлика од другите хотели, самите ќе треба да си обезбедите крпи и сапун. Исто така нема собна послуга, па добро е да понесете и своја храна, освен ако не планирате да ловите.

(4)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Сферите се надувани со систем за вентилација кој не прави врева и го рециклира воздухот 5 пати во еден час. Има и термостат со кој можете да ја регулирате температурата на сферата.

(5)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Во хотелот можете да уживате во секоја сезона. За време на зимите можете да ја гледате поларната светлина. Во лето можете да уживате во прекрасното зеленило од удобноста на креветот.

(6)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Роберт Робертсон, основачот на хотелот, сакал да им овозможи на туристите зимско уживање без студ. Тој сакал да им помогне на посетителите да им се восхитуваат на природните феномени, како поларната светлина, без да страдаат од ниските температури.

(7)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Секоја сфера ги исполнува барањата на гостите. Можете да одберете помеѓу сферите Уна, Аста, Торун, Валдис и Марија, од кои секоја нуди разни удобности. Но во главно, секоја сфера има брачен кревет и доволно место за двајца.

(8)poglednete-go-neverojatniot-hotel-meur-vo-island-kafepauza.mk

Можеби се грижите за приватноста, но нема потреба од тоа. Хотелот ја чува локацијата на секоја сфера во тајност и им ја покажува на гостите дури откако ќе платат. Една ноќ во овој хотел ќе ве чини 178 долари, но сигурно вредат за ова незаборавно искуство.

Дали го знаете хотелот игло во Финска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар