Не мора да ја чекате новата година за да станете подобра личност. Всушност, можете да почнете уште сега. Секоја нова година мнозинството од нас си составуваат листа со новогодишни одлуки која многу често ја напуштаме уште во првите месеци. Затоа е важно да имате на ум дека 2017-та сè уште не е завршена и имате време да поработите на себе.rnrn
rn
Вашето ментално здравје нека ви биде на прво место
rn
rnrnКога последен пат сте одвоиле време за вашето емоционално здравје? Со неизбежната зафатеност на работното место и дома лесно е да се запостави менталното здравје. Сите се обидуваат да бидат успешни на работното место, а истовремено да бидат и супер родители. Треба да знаете дека и вие сте важни, па една од одлуките нека биде да се грижите за себе. Оваа грижа треба биде секојдневна, без разлика дали станува збор за кратка медитација, одмор од технологијата, или пак спиење барем еден час повеќе. Кога ќе го подобрите менталното здравје, полесно ќе се справувате со стресот, полесно ќе останувате присутни во сегашноста и ќе се чувствувате подготвени за предизвиците кои ви претстојат. Како што на телото му е потребна здрава исхрана и вежбање, така и на мозокот му е потребна љубов и одмор од надворешниот свет.rn
Отстранете некоја лоша навика
rn
rnrnСекој од нас си има по некоја лоша навика која многу често не сакаме ни да ја признаеме. Сепак ако бидете искрени со себе, ќе сфатите дека немате изговор за да ја задржите лошата навика, особено кога нејзината цел е само да ви наштети. Наместо да се обидувате наеднаш да ја отстраните, почнете полека. Постепено заменувајте ја со добра навика од која ќе имате некоја придобивка. На пример, ако имате проблем со одложувањето, обидете се да завршите некоја задача веднаш штом ја добиете. Ова ќе ве спречи да го трошите вашето скапоцено време. Исто така немојте да бидете груби кон себе ако случајно ја повторите лошата навика. Сепак и вие сте човек.rn
Проследете ги одлуките кои сте ги донеле на почетокот на годината
rn
rnrnБез разлика која ви била целта, здрава исхрана или откажување од алкохолот, запомнете дека овие цели додаваат вредност на вашиот живот. Нормално е да бидете обесхрабрени на патот кон целта ако после долго време не гледате резултат. Но, не смеете да си дозволите да размислувате така. Целите не се за веднаш да ги постигнете и не треба да го очекувате тоа. Жртвата која ја правите на патот кон целта ги гради вашите карактер и дисциплина, а напорната работа на крајот секогаш се исплати. Едно од најдобрите чувства на светот е кога ќе постигнете некоја цел.rn
Пронајдете ново хоби или „оживејте“ некое старо
rn
rnrnСо сите одговорности кои ги имаме, нормално е да ги тргнеме настрана работите кои ни причинуваат задоволство. Но понекогаш обидете се да одвоите време за некоја активност која ве прави среќни. Запрашајте се што ви причинувало задоволство порано, што можете да направите сега и што сте сакале да направите отсекогаш. Хобијата се важни бидејќи ви помагаат да се опуштите после напорен ден, а можат да ви го разубават и лошиот. Пронајдете хоби кое ве прави среќни и посветете му внимание само поради тоа.rnrnНикогаш не е доцна да се подобрите или промените. Она што е важно кај личниот раст е делувањето за потиснување на целта, прифаќањето на грешките и учење што е можно повеќе од искуствата. Со овие совети, сепак можете да ја направите 2017-та најдобрата година досега. Не заборавајте дека вие го можете тоа!