Кој не ужива да поминува време со својата баба? Нејзиното присуство е мило, приземно, грижливо и исполнето со многу неочекувани мудри изјави. Бабите имаат толку многу љубов и духовно богатство во себе, а ние често забораваме да им се заблагодариме за сите добрини кои ни ги носат во животот. Заблагодарете ѝ се на вашата баба уште денес. Таа можеби скромно ќе ја прифати вашата благодарност, но повеќе од сигурно ќе го стоплите нејзиното срце.rnrn
rn
1. Ве научила како да бидете смели
rnБабите се професионалци во коментирањето и критикувањето. Кога некој треба да го „симнете од облаци“, употребете некоја реченица од „Книгата на смелоста“ од вашата баба.rn
2. Ги поставила основите на вашите длабоки феминистички вредности
rnБабите ги занемарувале верувањата дека мажите биле на некој начин супериорни над нив, во време кога таквото мислење било многу непопуларно. Знаејќи дека таа се борела за еднаквоста и женските права, ќе ве натера да ја побарате платата која што ја заслужувате и да му кажете на вашиот партнер дека денес него му е редот да ја исчисти куќата.rn
3. Ви дозволила да бидете дете
rnНа секое дете му се потребни моменти во кои мирно ќе може да изеде една чаша сладолед и да гледа цртани филмови 6 часа без престан. Баби, ви благодариме што ни дозволивте да бидеме деца!rn
4. Ја споделува својата мудрост со вас
rn
rnrnСите тие колоритни и живописни години од нејзиниот живот се едначат со едно виножито од мудрости. Бабите секогаш го имаат вистинскиот совет кога очајно ви треба мотивација во животот.rn
5. Не се срами од ништо
rnВажноста на здравото дебело црево не смее да остане заборавена и неценета и бабите сакаат да го покажуваат тоа на многу реален начин преку испуштање гасови. Секој ден. Без срам.rn
6. Го разбира вашиот дедо
rnДедовците се супер, но понекогаш можат да бидат и малку груби. Бабите се најдобар пример како да го смирите или искорените „намуртеното“ во вас, зависно од ситуацијата.rn
7. Таа е брутално искрена
rn
rnrnБабите ќе го кажат сѐ она што го мислат за другите или што другите мислат, дури и ако тоа не е многу вкусно. Тие немаат време за пристојност и сакаат да ја искажат својата поента. Ако ја апсорбирате храброста на вашата баба, тогаш сигурно ќе успеете во животот.rn
8. Таа ги научила вашите родители како да бидат добри родители
rnАко вашата баба е добра и импресивна, тогаш има голема веројатност и нејзините потомци да го наследат тоа. За среќа, еден припадник на тоа потомство е и ваш родител. Потрудете се ја да пренесете таа добрина и на своите деца.rn
9. Ја задржала класичната уметност на рачно напишаните писма
rnНовите електронски уреди не ги фасцинираат бабите. Напротив, тие се зачудени и изненадени што повеќе нема часови за калиграфија и затоа ја задржале елегантноста на рачно напишаните писма кои се толку убави, што е невозможно да не ги прочитате. Не се откажувајте од уметноста да пишувате зборови со пенкало во рацете.rn
10. Таа сака секогаш да бидете сити и најадени
rnБабите обожаваат да нѐ хранат со највкусни рецепти и комбинации на јадења, посебно со пити и слатки работи.rn
11. Никогаш не се извинува за својот уникатен стил
rn
rnrnНикогаш нема да ја начекате баба ви како уште еднаш се проверува во огледалото или нервозно си игра со облеката. Таа, иако носи само светли бои, сјаен накит и супер очила, го носи својот стил со гордост и ве инспирира и вие да го правите истото. Никогаш не треба да се извинуваме за нашата оригиналност и уникатност, а токму храброст на бабите е таа што ни го отвора патот кон почитувањето на индивидуалноста.