Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Сподели

Ширум светот постојат некои земји кои имаат навистина чудни знамиња. Токму затоа и во продолжение ви прикажуваме некои такви необични знамиња, а притоа можете да дознаете и некои интересни информации за нивното значење.rn

Реклама

Мозамбик

rnКога станува збор за националните знамиња со оружје, ниту едно не може да се спореди со знамето на Мозамбик. Ова знаме го краси пушка која ја симболизира одбраната и будноста, отворената книга е симбол на важноста на образованието, а мотиката го претставува земјоделството во таа земја.rn

Бутан

rnОпшто познато е дека змејот е важен симбол на многу азиски земји, но Бутан е првата земја која го ставила на националното знаме. Митското суштество прикажано на ова знаме е Друк, легендарен бутански змеј. Жолтата боја ја означува граѓанската традиција на таа земја, додека пак портокаловата го претставува будистичкиот спиритуализам.rn

Киргистан

rnКругот кој се наоѓа во средината на знамето всушност е сонце со три краци кои ја симболизираат киргистанската јурта, вид шатори во кои живеат номадските племиња во Азија. Четириесетте сончеви зраци кои се наоѓаат околу сонцето ги претставуваат четириесетте киргистански племиња кои, според народното верување, епскиот јунак Манас ги соединил за да се борат против Монголците.rn

Белизе

rnДодека повеќето знамиња содржат умерена количина симболи, знамето на државата Белизе е доста сложено. На централниот дел се наоѓа дрвосечач и црнец кои држат алат за сечење, опкружени со листови од махагон, што се однесува на дрвната индустрија која е голем индустриски сектор во оваа земја.rn

Непал

rnЗнамето во Непал е единствено во светот по тоа што не е во правоаголна форма. Тоа всушност претставува поедноставена верзија на две одвоени знамиња, со сонце и полумесечина. До 1962 година овие симболи имале човечки лик, но биле оттргнати за знамето да се модернизира.

Преминете на наредната страница за да видите уште интересни и невообичаени знамиња.rn

Популарно

Може ќе ве интересира