Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Сподели

rn

Реклама

Кенија

rnШтитот кој презема централно место на знамето ја претставува одбраната на оваа земја. Црната боја го симболизира народот во Кенија, црвената е за крвта пролиена во текот на борбата за независност, а зелената се однесува на пејзажите на оваа земја.rn

Островот Ман

rnЗнамето на островот Ман, кој е сместен помеѓу Велика Британија и Ирска, покажува три човечки нозе. Ова знаме е базирано на грбот на последниот викиншки крал, Магнус III, а симболот води потекло од древниот келтски симбол на сонцето.rn

Уганда

rnЦентралниот дел на знамето на Уганда го зазема сивиот жерав кој е национален симбол на оваа земја, а подигнатата нога на птицата го симболизира напредокот на Уганда. Црната лента го симболизира народот во оваа земја, жолтата е за африканското сонце, додека пак црвената е симбол на африканското богатство.rn

Саудиска Арабија

rnСаудиска Арабија е уште една земја која на своето национално знаме има оружје. Зелената позадина на знамето го претставува исламот, мечот ја симболизира воената моќ, но и династијата Сауд која е основач на оваа држава. Натписот над мечот е Шехадет, темел на исламското верување.rn

Еквадор

rnНационалното знаме на Еквадор се состои од три бои во позадината и сложен грб кој го зазема централното место. На него се наоѓа планина (Чимборазо, највисоката планина во Еквадор), река, пароброд, сонце, копја, лисја од лавор и палми, како и некои други објекти кои се однесуваат на оваа земја. На врвот на знамето стои кондор кој е симбол на моќта на Еквадор.

Погледнете уште „чудни“ знамиња на наредната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира