20 знаци дека вашиот живот е подобар отколку што мислите

Сподели

Изреката „Вие сте вашиот најдобар критичар“ е многу вистинита. Во обидот да станеме подобри личности ние никогаш не се чувствуваме премногу гордо и не им даваме значење на нашите достигнувања. Ова однесување не помага да се чувствуваме подобро, всушност нè тера да мислиме дека што и да правиме, никогаш не е доволно.

Реклама

Но понекогаш е добро да знаете дека сите ваши напори се исплатат. Ако ви треба потсетник за тоа, прочитајте ги овие 20 знаци кои покажуваат дека вашиот живот е многу подобар отколку што мислевте.rn

1. Се разбудивте

rnСекој ден имате избор да се разбудите и да се соочите со светот. Дури и ако станете еден час подоцна, станувањето од креветот наутро е големо достигнување за некои луѓе.rn

2. Синоќа сте успеале да заспиете

rnИако сте можеле да останете будни цела ноќ грижејќи се за малите работи, вие сте успеале да заспиете. Можеби ви звучи како пораз, но дури и ова е избор да ги заборавите денешните грижи и да се обидете повторно утре.rn

3. Ги имате основните работи

rnПонекогаш забораваме колку всушност имаме. На пример, покрив над нашата глава, дури и ако станува збор за некој мал стан. Потоа храна, дури и ако е останатиот ручек од вчера. Исто така и облека, дури и ако е некоја стара блуза. Погледнете наоколу и забележете ги сите мали работи кои ги имате наместо големите кои ги немате.rn

4. Шминка? Не ви е потребна

rnИмањето време да се нашминкате понекогаш изгледа како шега. Но откако ќе се откажете од неа на неколку недели, ќе сфатите дека сте убави и без неа.rn

5. Можете сами да ги донесувате вашите одлуки

rnОваа помисла може да биде стресна кога имате многу одлуки за донесување, но ова е знак дека ја имате слободата сами да ја одберете вашата судбина.rn

6. Можете да читате

rnОва е една од малите работи која сите ја земаме здраво за готово. Ако го читате овој текст, значи вие сте писмени. Вие сте со поголемо образование од милиони луѓе во светот кои никогаш немаат можност да отворат книга или да ја прочитаат декларацијата на некој производ.rn

7. Пешачењето е вежбање, нели?

rnКому му е грижа што денес не сте отишле во теретана? Запомнете дека сте станале од креветот, сте трчале по вашето дете, сте талкале низ продавницата барајќи некој производ… Не е секогаш потребно членство во теретана за да бидете активни.rn

8. Сте поминале долг пат

rnРазмислете каде сте биле пред 5 години. Секој од нас има моменти кога се чувствува разочарано од животот, но кога ќе погледнете колкав пат сте поминале ќе сфатите дека вашиот живот не тапка во место.rn

9. Ги измивте забите

rnМожеби не ја измивте косата, но сте успеале да ги измиете вашите заби. Понекогаш тоа е доволно за да го поминете денот со самодоверба.rn

10. Денес никој не заврши во болница

rnВо деновите кога мислите дека вашите деца ќе се убијат, запомнете дека ниту едно од нив не е повредено. И тоа е успех!rn

11. Не се откажувате

rnСекој чекор напред, без разлика колку е мал, е чекор кон вистинската насока.rn

12. Знаете што сакате

rnДури и кога немате сè што сте посакувале, барем знаете што е тоа. Имате некоја насока, нешто што ве мотивира.rn

13. Технологијата не е несовладлива

rnМожеби ви бил потребен цел ден за да сфатите како работи рутерот за Интернет, но тоа е во ред. Доволно сте запознаени со технологијата за да можете да го читате овој текст.rn

14. Сè уште се смеете

rnБез разлика дали се смеете на самите себе или на некое смешно видео, вие продолжувате да наоѓате причина за цртање насмевка на вашето лице.rn

15. Не сте сами

rnЛуѓето за кои се грижите, се грижат за вас. Тие остануваат со вас и ве сакаат, без разлика што мислите за себе.rn

16. Работите излегле како што треба

rnНе заборавајте дека сте ги преживеале и деновите кои сте мислеле дека нема да можете.rn

17. Сакате да бидете подобри

rnАко сте обесхрабрени од насоката кон која се движи вашиот живот, тоа значи дека имате желба за нешто подобро. Ова може да ви биде слабост ако си дозволите да бидете незадоволни во секоја ситуација. Но, ако ова ви е надеж за подобар живот, тоа ќе биде вашата силна страна.rn

18. Имате некаков распоред

rnТој распоред можеби ве полудува, но ако имате места на кои треба да одите и ветувања кои треба да ги исполните, тоа значи дека вие сте значајни. Да ги земете децата од училиште, да одите на ручек со пријателите или пак, да посетите родителска средба, значи дека вашето присуство се цени.rn

19. Вештините кои ги поседувате се од голема помош

rnНемојте да мислите дека вашите вештини се бескорисни. Способноста да пратите електронска порака, перењето облека, па дури и подготвувањето брз ручек се начини на кои помагате. Малите работи кои ги правите може да направат голема разлика за луѓето околу вас.rn

20. Вие сте вие

rnВашиот живот е само ваш, а тоа е нешто на кое треба да се гордеете.

Погледнете ги и овие знаци кои покажуваат дека вашиот живот сепак е убав.

Популарно

Може ќе ве интересира