Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Сподели

rn

Реклама

Гибралтар

rnЦрвениот замок со три кули кој се наоѓа на знамето на Гибралтар го претставува кралството Кастилија, моќно средновековно кралство кое се наоѓало на иберискиот полуостров. Златниот клуч го означува фактот дека Гибралтар се смета за врата на Медитеранот.rn

Турменистан

rnЗнамето на Турменистан е знаме со најмногу детали во светот. Зелената позадина и полумесечината се симбол на исламот, петте ѕвездички ги претставуваат петте покраини во земјата, а детално украсената лента од левата страна претставува пет главни племиња во Турменистан.rn

Шри Ланка

rnНајдоминантен детаљ на знамето на Шри Ланка е златниот лав кој држи меч. Лавот го претставува народот во Шри Ланка и неговата храброст, додека пак мечот ја претставува способноста на земјата да се заштити од непријателите. Четирите објекти во краевите претставуваат листови од света смоква или дрвото бо кои се симбол на будистичката традиција и четирите вредности: Добрина, љубезност, среќа и спокојство. Зелената и портокаловата лента од левата страна ги претставуваат двете главни етнички групи во Шри Ланка: Тамила и Мурс.rn

Велс

rnЦрвениот змеј, познат уште и како велшки змеј, симболизира еден крал кој владеел со Велс во седмиот век и често бил поврзуван со змеј.rn

Камбоџа

rnИ Кабоџа е една од ретките држави во светот на чиешто знаме доминира некоја градба. Објектот прикажан на ова знаме е Анкор Ват, култна градба во Камбоџа и најголем верски објект во светот.

Популарно

Може ќе ве интересира