КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои ќе ги разберат само девојките кои сѐ уште закрепнуваат од скршено срце

Свесни сме дека животот е исполнет и со подеми и со падови. Кога една личност се наоѓа во тешки моменти, најчесто таа го доживува светот на поинаков начин. Сѐ додека не излезе од оваа ситуација, таа поминува низ неколку фази на закрепнување. Во продолжение погледнете неколку работи кои може да ги разберат токму девојките кои сѐ уште закрепнуваат од повредите.rnrn10 работи кои ќе ги разберат само девојките кои сѐ уште закрепнуваатrn

1. Сакаат да бидат сами

rnОвие девојки поголем дел од времето сакаат да бидат сами, затоа што сѐ уште се обидуваат да дознаат многу работи за себе, за својот живот, за своите пријатели, емоциите и понатамошните цели. Доколку се наоѓаат во поголемо друштво и им биде одвлечено вниманието, тие честопати може да се чувствуваат збунети нервозни.rn

2. Се плашат од приврзување

rnТие имаат пронајдено утеха во себе и не им се приближуваат на луѓето освен ако тие не го направат тоа. Како и да е, овие личности секогаш се внимателни бидејќи мислат дека луѓето неизбежно ќе ги напуштат.rn

3. Жедни се за љубов, но не се во потрага по неа

rnНим им недостига друштво и партнер со кој ќе може да се чувствуваат удобно, но не посегнуваат по тоа.rn

4. Може да бидат испровоцирани дури и од најмалите работи

rnИзгледа како тие постојано да бараат изговор за да се налутат за нешто, а само една мала работа може да ги направи гневни. Тоа е најверојатно така затоа што веќе некое време чекале причина за да ги ослободат сите негативни емоции.rn

5. Се плашат да дават љубов

rnТие имаат многу љубов во нивното срце, но се плашат повторно да не ја подарат на погрешна личност. Тие се плашат да ги искористат шансите бидејќи ако уште еднаш бидат повредени, веруваат дека целосно ќе се откажат.rnrn10 работи кои ќе ги разберат само девојките кои сѐ уште закрепнуваатrn

6. Чувствуваат дека треба да избегаат

rnКога се повредени, тие се лесно совладани и се под стрес и не секогаш знаат како да се справат со ситуацијата, па затоа, честопати чувствуваат потреба да избегаат од сите случувања и да одат некаде далеку, без никакви работни задачи или одговорности.rn

7. Плачат без причина

rnТоа би можело да им се случи секаде, без разлика дали се наоѓаат во средина на некој состанок или се излезени со нивните пријатели, тие едноставно не може да се контролираат.rn

8. Не можат да се сетат кога последен пат биле навистина среќни

rnСреќата сега е нешто непознато за нив и тие чувствуваат дека поминал многу долг период откако биле навистина среќни. На сѐ што може да се сетат е само нивната болка.rn

9. Престануваат да се трудат околу другите луѓе

rnПонекогаш, додека сѐ уште закрепнуваат, овие личности забораваат дека надвор постои друг свет, затоа што премногу се фокусирани на она што им се случува внатре. Може да поминат повеќе недели без тие да зборуваат со нивните пријатели или семејство, а исто така се случува и да забораваат важни настани.rn

10. Знаат дека тоа е тешко патување, но дека ќе заврши

rnТие се свесни дека лошите моменти се дел од животот и дека за да закрепнат, потребно е време. Тие знаат дека ќе најдат сила за да излезат од целата ситуација и дека болката кога тогаш ќе помине.rnrn10 работи кои ќе ги разберат само девојките кои сѐ уште закрепнуваат