Мајката природа е најдобриот креатор што може да постои. Нејзините ремек-дела се толку неверојатни и импресивни што изгледаат како да се дел од некој фантастичен свет надвор од нашата реалност. Во продолжение погледнете ги овие магични креации на природата кои ќе ве остават без зборови…rn
Подводен водопад
rnОваа илузија е создадена од куповите песок што се наоѓаат покрај брегот на Маврициус. Тие личат на огромен подводен водопад.rn
Слика
rnНе, ова не е уметничко дело насликано од експресионистички уметник. Во предниот дел има дрвја за време на зајдисонце, а во позадината се црвените дини на Намбија. Како што можете да забележите, играта на светлината и сенките создава неверојатна слика.rn
Бурно море
rnКога гледате облаци како овие, слободно може да си замислите бурно море над вашите глави наместо небо. „Undulatus asperatus“ се редок вид облаци кои обично изгледаат вака застрашувачки. Но, немојте да бидете измамени од нивниот изглед затоа што овие облаци никогаш не се придружени од ураган или бура.rn
Волшебно езеро
rnЕзерото Ујуни е познато по изместената перцепција на просторот што ја создава поради отсуството од какви било предмети на неговата површина. За време на врнежливите периоди алкалната земја на езерото се трансформира во огледало. Честичките сол се прекриени од многу тенок слој бистра вода која го рефлектира небото и комплетно ја брише небесната линија.rn
На работ од гребенот
rnИзгледа како човекот на сликата да оди по работ на гребенот, но всушност се работи за речното корито во внатрешноста на Глен кањонот.rn
Бездна
rnДали ги гледате двете момчиња кои скокаат во бездната? Тоа е всушност слика од бунарот на Јаков кој се наоѓа во Тексас. Бунарот на Јаков е огромна артеска пружина со дијаметар од 3 метра и 9 метра длабочина. Водата е толку бистра што се чини како момчињата на сликата да скокаат во празен простор.rn
Форма на дрво
rnДали ова е коритото на некој поток или дрво? Не е ниту поток, ниту дрво. Овие форми на дрво во Баџа Калифорнија (Мексико) се формираат во песокот поради високата амплитуда на плимите во плитките води кои се појавуваат од силните струи.rn
Камени бранови
rnНа границата помеѓу Аризона и Јута може да се забележат необични камени формации. Тие се формирале милиони години од песочните дини, постепено претворајќи се во цврсти камења. Постојаното влијание на ветровите и дождовите низ подолг временски период, играло голема улога во создавањето на оваа бизарна формација.rn
Планински пат
Кога ќе ја погледнете оваа слика за прв пат, ќе си помислите дека гледате пат кој поминува преку врвот на планински венец. Но, ова е всушност слика од реката Колорадо која се перципира погрешно поради боите и нијансите на реката.rn
Торнадо што гори
rnОва што го гледате не е слика од торнадо што гори (што не ни постои), туку е слика од реката Рио Тинто во Шпанија, полна со отпад од рударски активности. Како резултат на рударската работа, реката станала кисела. Светло црвената боја на водата е последица од процентот на тешки метали во неа.rn
Фантомски сонца
rnОвој феномен е познат како пархелион, и е предизвикан од одбивањето на сончевата светлина од ледените кристали кои се присутни во атмосферата.rn
Пајакова мрежа
rnОваа слика изгледа како совршена слика на дожд. Но, ако погледнете повнимателно ќе забележите дека секоја од овие капки всушност виси на пајакова мрежа.rn
Двоглава зебра
rnАлтернацијата на црната и белата боја ја попречува нашата способност да ги најдеме рабовите на објектите, па затоа ги гледаме овие двоглави зебри.

