КАФЕ ПАУЗА

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

Written by

in

,

Без разлика дали сте маж или жена, кога треба да носите нов пар чевли, вашите нозе секогаш страдаат. Сепак, постојат неколку трикови со чија помош ќе го решите проблемот и ќе им ставите крај на страдањата и болката и ќе уживате во новите обувки кои како да се создадени специјално за вас. Во продолжение погледнете некои од нив.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

1. Ханзапласт

rnОва е најчесто користен стар трик кој ќе го спречи триењето на кожата и чевлите, при што ќе ги избегнете плускавиците, особено кога носите високи потпетици. Препорачливо е да изберете малку поширок ханзапласт од местото каде што се појавува триењето.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

2. Пудра во прав

rnПудрата во прав може да го намали триењето на површината на стапалото. Ставете малку од неа пред да ги облечете чевлите, а ако не носите чорапи, осигурете се дека нозете не ви се влажни.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

3. Дебели чорапи и топлина

rnСтавете еден пар дебели чорапи, а потоа облечете ги вашите чевли. Вклучете го фенот за коса и насочете го кон тесните делови на чевлите. Прошетајте се наоколу сѐ додека не се изладат, а доколку е потребно повторете ја постапката. Материјалот од кој се направени чевлите се шири од топлината и станува сѐ повеќе флексибилен. Имајте на ум дека овој трик е ефикасен само на природен материјал, како што е кожата.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

4. Рол-он или стик

rnСтраничната страна од вашето стапало, коската на петата и прстите се најпогодените зони. За да го отстраните триењето помеѓу чевлите и вашите стапала, нанесете рол-он или стик на проблематичните области.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

5. Силиконски влошки

rnСиликонските влошки се достапни во аптеките, ортопедските продавници, а можете да ги најдете и на Интернет. Ги има во различни форми (влошка со целосна големина на стапалото, само за петите и слично), така што лесно можете да ги прилагодите на проблематичните области.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

6. Лед

rnНаполнете кеса со вода, ставете ја во чевлите а потоа заедно ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат така во текот на ноќта. Кога ќе ги извадите утредента ќе забележите дека чевлите се пошироки благодарејќи на водата којашто се замрзнала.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

7. Алкохол и хартија

rnПрснете доволно алкохол во тесните области на чевлите, така што тие ќе се намократ. Ставете внатре стуткана хартија и оставете ги да стојат преку ноќта. Колку повеќе хартија користите, толку подобри резултати ќе добиете. Наредното утро отстранете ја хартијата и облечете ги чевлите, така што тие ќе може да се прилагодат на формата на вашето стапало.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

8. Хидратантна крема

rnОвој метод е ефикасен само на чевлите од вистинска кожа. Нанесете малку хидратантна крема во внатрешноста, а особено обрнете внимание на петата и областа околу прстите. Кремата ќе ја омекне кожата на чевлите, па кога ќе ги облечете наредниот ден тие ќе се прилагодат на вашето стапало.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

9. Компири

rnОвој трик може да ги прошири вашите нови спортски обувки или мокасини. Ставете чисти компири во внатрешноста на чевлите и оставете ги да стојат преку ноќта. Најчесто компирите не оставаат мирис, но за да се осигурите дека немате остатоци од нив во вашите чевли, избришете ги со влажна крпа.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевлиrn

10. Посетете чевлар

rnОва е најверојатно најсигурната опција за вас. Повеќето од нив имаат посебни алатки со кои ги менуваат обувките според ваше барање при што повеќе нема да ви нанесуваат болка.rnrn10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли