10 нешта кои можат да ги сфатат само амбициозните интроверти

10 нешта кои можат да ги сфатат само амбициозните интроверти

Многу е тешко да се биде амбициозна личност, но уште потешко е доколку оваа карактеристика е проследена со интровертност. Интровертите се повлечени во себе и најдобро работат сами, па токму затоа и кога се амбициозни за својата кариера можат да налетаат на многу потешкотии кои другите луѓе воопшто не ги ни забележуваат. Па, какво е чувството да се биде амбициозен интроверт?

10 нешта кои можат да ги сфатат само амбициозните интроверти

1. Не само што е многу лесно да дозволите работата да го преземе вашиот живот, туку тоа со сигурност ќе се случи ако не сте внимателни. Многу е тешко да се најде баланс кога не се грижите за вашиот социјален живот и кога целосно сте посветени на кариерата. Луѓето велат дека тоа е нездраво, но зарем е поздраво да балансирате нешто што не го сакате со нешто што го обожавате?

2. Вие едноставно не можете да не ги сфатите лично критиките. Всушност, тие толку ви влијаат, што дури имате способност и да ги претворите во уметност. За вас е скоро невозможно да ја одделите работата од личноста која сте и доколку едното пропаѓа, автоматски тоа му се случува и на другото.

3. Вие сакате луѓето да знаат сè што сте постигнале, но немате идеја како да комуницирате со нив. Вие се чувствувате непријатно кога искрено ги споделувате вашите постигнувања, па затоа и често се воздржувате или правите тие да изгледаат многу помали одошто навистина се.

4. Ако можете да најмите некого да работи како ваш контакт со надворешниот свет, веднаш би го сториле тоа. Вие го немате потребниот ген кој ве прави социјална пеперутка, но сепак за да успеете потребни ви се контакти со други луѓе кои реално не можете сами да ги остварите.

5. Кога шефот ќе ве викне на разговор, првото нешто што го помислувате е дека ќе бидете отпуштени. И веднаш следува внатрешен напад на паника и ве преплавуваат мисли дека вашата кариера е готова.

6. Бидејќи постојано се обидувате да се подобрите, многу ви е тешко да го цените она кое досега сте го постигнале. Вие сте толку насочени кон иднината и кон идејата дека можете да бидете уште подобри и поуспешни, па токму затоа и не можете да се фокусирате на успехот кој моментално го доживувате.

7. Ако не се контролирате, вашиот натпреварувачки дух целосно ве обзема. За вас, успехот е индивидуален, па многу лесно можете да започнете со натпревар за кој само вие сте свесни дека се одвива.

8. Попрво би работеле сами отколку во тим. Се сеќавате на сите оние групни проекти во училиште кои на крајот секогаш сте ги завршувале сами? Дури и како возрасни поминувате низ истото. Вие не знаете како да работите со други луѓе, но ако сте сами тогаш можете да ја сработите работата на сите ваши колеги.

9. Повеќето од вашите цели и соништа се за градење подобар живот за вас и вашите најблиски. Вам не ви е потребно место во центарот на настаните и не барате признанија од другите, но сепак на крајот од денот, пред да легнете да спиете, сакате да имате чувство дека правите нешто кое барем малку ќе го подобри светот околу вас.

10. Кошмар ви е да се промовирате самите. Но, сепак знаете дека тоа е единствениот начин на кој можете да постигнете успех во вашиот живот. Вие мора да знаете како најдобро да ги продадете вашите услуги со цел да напредувате во кариерата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар