Лошиот здив знае да биде непријатна појава. Тој не се појавува само ако нередовно ги миете забите, пушите цигари или пиете многу пијалаци со кофеин. Лошиот здив може да се појави и поради едно нешто што најверојатно не ни знаете дека го имате во вашата уста.rnrn
rnrnДали знаете што е камен во крајниците?rnrnДоколку ги имате сите крајници на број, големи се шансите во нив да имате камен. Многу луѓе не се ни свесни дека го имаат тоа во устата бидејќи не го забележуваат кога ќе падне, но ако е доволно голем може да се почувствува како паѓа од крајниците.rnrnКаменот во крајниците најчесто се јавува после зачестени воспаленија на крајниците или ако имате преголеми крајници со многу кратери.rnrnНе се знае точно колку луѓе се склони за добивање на овој „камен“, но во едно истражување при коешто 150 луѓе биле изложени на магнетна резонанца на главата, околу 24% од нив покажале знаци на камен во крајниците.rnrnЛекарите и научниците сè уште водат расправии околу настанувањето на каменот, но една работа е сигурна – мртвите клетки, слузта од устата и парчињата храна се заглавуваат во тесните отвори на крајниците каде што се стврднуваат во една хомогена маса.rnrnПоголемиот број луѓе, како што кажавме погоре, не можат да почувствуваат дека во крајниците имаат камен. Меѓутоа, кога тој е поголем предизвикува воспалено грло, болка во ушите и лош здив бидејќи бактериите и останатите микроби се хранат со каменот кој стои во крајниците, а потоа испуштаат сулфурни нуспроизводи кои предизвикуваат непријатен здив.rnrnДоколку не сакате да ги вадите крајниците, мора да се помирите со фактот дека редовно ќе треба да се соочувате со каменот, а методите за негово исфрлување се различни – од гаргара со солена вода, до користење течности за плакнење на устата.rnrnДознајте и кои се наједноставните начини за брзо ослободување од лошиот здив.
Причината за лошиот здив може да биде нешто што не сте знаеле дека се крие во вашата уста
