Богати vs. средна класа: 10 клучни разлики кои ги двојат финансиски моќните од просечниот човек
Ако не сте богати, но не сте сиромашни, тогаш вие припаѓате на средната класа. За жал, средната класа полека исчезнува, а тоа го докажуваат и истражувањата од последните две децении – сѐ помал е бројот на луѓе кои спаѓаат во оваа класа. Денес, или имате пари или немате. Златна средина нема. Еве што ги разликува богатите од средната класа.
1. Средната класа живее удобно, богатите ризикуваат
Многу е полесно и поудобно да имате сигурна работа и да работите за некого. Луѓето од средниот сталеж гледаат да бидат повлечени за да живеат поопуштен живот. Од друга страна, богатите се водат по мотото „без ризик нема добивка“. Факт е дека започнувањето на сопствен бизнис е голем ризик, но резултатите можат да вредат и да го исплатат тој ризик. Понекогаш мора да излезете од зоната на удобноста за да го постигнете она што го сакате.
2. Средната класа троши, богатите штедат
Никогаш нема да видите милионер во прескапа кола или во куќа вредна милион долари. Тие не ги трошат парите на такви нешта. Дури и ако можат да си го дозволат најновиот модел на спортски автомобил, тие нема тогаш да купат – ќе почекаат некоја година, па тогаш ќе го купат. Запомнете: ако ги потрошите сите пари кои сте ги заработиле, тогаш повторно сте на нула.
3. Средната класа работи за друг, богатите работат за себе
Луѓето од средната класа брзаат да стигнат на работа пред шефот. Ја бркаат кариерата. Богатите најчесто имаат своја фирма, своја работа. Тие бараат луѓе кои ќе работат кај нив и за нив.
4. Луѓето од средната класа се дружат со секакви луѓе, богатите луѓе внимателно одбираат пријатели
На моќните луѓе им е јасно дека доколку се опкружени со успешни луѓе, тогаш и шансата да постигнат успех е поголема. И обратно – мрзливите и невработените луѓе лошо влијаат на луѓето околу нив. Ако сакате да заработувате повеќе и да бидете успешни тогаш привлечете паметни, вредни и амбициозни луѓе.
5. Средната класа работи за пари, богатите за знаење
Обичните луѓе се склони кон промена на работното место само кога некој ќе им понуди подобра плата. Моќните знаат дека не сѐ се врти околу парите, особено додека се помлади т.е. на почетокот од кариерата. Стекнување искуства и вештини е многу повредно од пари, особено на почетокот. За да станеме успешни во нашата работа, а со тоа и повеќе да заработуваме, најпрво мора да имаме искуство и да се наоружаме со знаење и вештини.
6. Средната класа поседува материјални нешта, моќните поседуваат пари
Да се вратиме на колите и куќите. Грешката на средната класа е во тој домен – тие трошат повеќе пари од она што имаат за да си дозволат скапи автомобили, огромни куќи и други скапоцени нешта. Богатите знаат дека богатството е во парите – затоа тие ги бркаат парите, а не материјалните нешта.
7. Средната класа се фокусира на штедење, богатите на заработка
Секако дека штедењето е важно, но важно е и да инвестирате затоа што заработката е основа на сѐ. Јасно е дека треба да штедите и да инвестирате, но ако сакате да постигнете повеќе и да го извлечете максимумот од тоа, потребно е да заработувате и да работите повеќе.
8. Обичните луѓе се емотивни кога станува збор за пари, богатите се водат по логика
Основната разлика меѓу високата класа и просечниот човек се гледа во парите. Припадниците на средната класа одлуките поврзани со парите ги носат врз основа на емоционалната состојба, а богатите во таквите ситуации се водат исклучиво по логика, затоа што тие знаат дека емотивното носење одлуки може да донесе нестабилна финансиска состојба.
9. Средната класа се потценува, богатите си поставуваат високи цели
Обичните луѓе не си поставуваат цели, или ако веќе ги поставаат тие се просечни и лесно досегливи. Од друга страна, богатите го сакаат она што е скоро невозможно, често и претеруваат, но знаат дека таа цел е возможна. За нив, сѐ што треба е само повеќе труд и време.
10. Средната класа верува во напорна работа, богатите во инвестиција
Напорната работа е неопходна за да постигнете резултати. Секој успех бара многу труд и работа. Меѓутоа, за да дојдете до врвот ви треба и сила. Потребно е да вложувате и да инвестирате. Да се туркате напред, да не се вртите назад и да не застанувате.