Автор: Радмила Костадиновскаrnrn„Macarons“ се светски популарни десерт колачиња кои многу наликуваат на мини хамбургери во светли бои.rnrn
rnrnЗборот „macaron“ е изведен од италијанскиот збор „maccarone“. Се верува дека овие колачиња ѝ биле претставени на Франција од Италија околу 1533 г., кога Кетрин ди Медичи била кралица на Франција. На почетокот макаронсот се правел само од едно колаче, кога Пјер Дефонтен, сопственикот на „Ladurée“ (многу позната и луксузна француска пекара), залепил две колачиња со ганаш крем и овој рецепт станал толку многу популарен во Франција, што денес го нарекуваат скапоцен камен на француското пекарство. Доколку имате можност да го посетите Париз, топло ви препорачуваме да ги пробате, затоа што велат дека францускиот путер им дава уникатен вкус.rnrn
rnrnОвие мали колачи се направени од две тркалезни школки, кои се залепени со фил. Школките се прават од белки од јајца (кои се оставаат надвор од фрижидер една ноќ), шеќер во прав, бадемово брашно и шеќер во гранули. Постојат бескрај варијации на филот којшто може да се користи во изработката на овие слатки задоволства, но најпознати се ганаш филот, овошен фил, фил со путер и со овошни џемови. Интересен е фактот дека макаронсите се едни од ретките продукти за кои употребата на обојувачи е широко прифатена во слаткарството. Нивните различни бои овозможуваат полесно разликување на нивните вкусови во продавниците.rnrn
rnrnМакаронсите најчесто се прават во големина доволна за да бидат изедени во 1-2 залака, со дијаметар 3-5 см. Што се однесува до калориите, можат да содржат 70-100 калории, во зависност од филот. За споредба еден капкејк содржи околу 400 калории. Тие не треба да бидат многу благи или филот да тече од нив. Кога ќе гризнете од ова колаче, ќе забележите дека има деликатна коричка, како лушпа од јајце. Под неа се наоѓа влажно и нежно колаче со меко полнење.rnrn
rnrnЧестопати, колачите macarons се мешаат со слатките macaroons, главно поради сличноста во изговорот. Но, постојат многу разлики помеѓу нив. Macaroon е меко колаче направено од белки од јајца, шеќер и кокос, често потопени во чоколадо, кое не изгледа ни приближно толку привлечно како macaron.rnrn
rnrnИако популарноста на овие колачи секојдневно расте на нашите простори, не можеме да ги најдеме во многу продавници. Се надеваме дека ќе инспирираме некој да отвори нов бизнис. :)rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.