Едноставен психолошки трик: Намалете го внатрешниот критичар

Едноставен психолошки трик: Намалете го внатрешниот критичар

Самокритиката е особина која секој од нас ја поседува, но ако е во голема мера може да биде многу деструктивна. Па, доколку сметате дека вашиот внатрешен критичар ја надминал својата конструктивна улога и ви избегал од контрола, тогаш обидете се да го намалите неговото влијание со помош на следниов едноставен трик.

Едноставен психолошки трик: Намалете го внатрешниот критичар

1. Земете пенкало и хартија или комплет фломастери во боја. Доколку водите дневник, можете да го користите и него.

2. Напишете ги сите оние нешта кои би сакале да си ги кажете самите себеси, но во второ лице еднина. Запишете ги сите критики кои ви паѓаат на ум, без разлика дали станува збор за вашиот изглед, желби, амбиции…

3. Прочитајте гласно сè што сте напишале, а потоа дозволете си да реагирате на она кое го читате. Размислете како овие критики ви влијаат и како би одговориле доколку навистина некој друг ви ги кажува.

4. Ако сте деснаци, префрлете го пенкалото во левата рака или обратно, ако сте леваци, префрлете го во десната. Почнете да одговарате на критиките, без притоа да се грижите за ракописот. Едноставно пишувајте сè што ви паѓа на памет. На почетокот може ќе ви биде тешко, но како што ќе поминува времето, така ќе ви станува сè полесно.

5. Кога ќе завршите, повторно гласно прочитајте ги одговорите.

Секогаш кога ќе почувствувате дека сте полни со негативни коментари за вас, повторете ја оваа постапка и одговорете му на вашиот критичар. Тоа дефинитивно ќе го замолчи, барем на некое време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар