КАФЕ ПАУЗА

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

За да ја одржите вашата насмевка младолика и свежа, не е неопходно да користите скапи маски за лице или креми против брчки. Сѐ што треба да направите е активно да го менувате начинот на кој се движат мускулните групи на вашето лице. Докажано е дека фацијалните вежби односно јогата против стареење на кожата на лицето, ќе направи да изгледате и да се чувствувате многу помладо.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrnrnВо продолжение погледнете ги овие 8 едноставни, а ефикасни вежби против стареење коишто можете редовно да ги применувате, за да имате поцврста и тонирана кожа.rn

1. Масажа на лицето

rnДоколку немате можност да посетите професионалец, можете и сами во домашни услови да си правите масажа на вашето лице, којашто ќе ви ја разубави кожата бидејќи ќе се подобри протокот на крв и ќе се дефинираат мускулите.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките rnrnСо врвовите од вашите прсти започнете нежно да го масирате челото, движејќи се од долу кон нагоре. Воедно, можеби ќе сакате и да го измасирате вашиот скалп, а тоа треба да го правите со кружни движења на вашите прсти. Потоа, префрлете се на вашите образи и започнете нежно да ги тапкате со правец на движење кон слепоочниците. За да забележите позитивните резултати на вашето лице од овие масажи, неопходно е да ги практикувате барем 20 пати, 2-3 пати неделно. Секако, не заборавајте да ги измиете вашите раце и лице, пред да започнете со фацијалната јога.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrn

2. Контрастна масажа

rnКонтрастната масажа има моќ магично да ја преобрази и подигне кожата на вашето лице. Исто така, таа е неверојатна ефикасна за ослободување од двојната брада (подбрадокот). За да ја направите оваа масажа, ќе ви бидат потребни пешкир, вода и најважното – желба да изгледате младо и свежо.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrnrnЗдиплете го пешкирот на пола и потопете го во студена и малку солена вода. Потоа, фатете го за краевите и нежно тапкајте ја вашата брада со него. Повторете го тапкањето 10 пати, а потоа повторете ја постапката, но овој пат пешкирот намокрете го во млака вода.rn

3. Азбука

rnЗа да ги затегнете ослабените мускули на вашето лице, на чие место најчесто се појавуваат брчки, можете и да ја применувате вежбата со рецитирање на англиската азбука. Можеби ова ви звучи како необичен предлог за вежбање на лицето, но имајте предвид дека буквите како „X“ (екс) и „О“ (оу) можат да направат огромна разлика. Доколку ги изговарате неколку пати во текот на денот, ќе ги дефинирате и вратите во живот ослабените мускули на вашето лице, а тоа е неизоставен дел од рутината против стареење на кожата.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrn

4. Подигнување на слепоочниците

rnОваа вежба ќе ви овозможи да раздвижите голем број мускули на вашето лице, но првенствено мускулите околу слепоочниците, бидејќи кога тие ќе почнат да слабеат целиот горен дел од лицето почнува да виснува надолу. Јошико Мамада е жената којашто ја смислила оваа техника на масирање, во комбинација со вежби за дишење.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките rnrnЕве од што се состои:rnrn1. Застанете пред огледало и поставете ги прстите од вашата десна рака на левата слепоочница, попрецизно околу надворешниот агол на окото и надворешниот агол на веѓата. Нежно притискајте и тегнете ја кожата нагоре, при што главата не треба да ја навалувате нанапред.rnrn2. Останете во истата позиција и почнете бавно да ја навалувате главата кон десно, нежно истегнувајќи го вратот. Притоа, рамената треба да останат фиксирани и релаксирани.rnrn3. Сѐ уште останувајќи во истата положба, започнете да го пружате јазикот во правец на вашата глава и истовремено издишете и кажете „ха“. Дишете преку нос. Останете во оваа позиција, дишете 4-5 пати и продолжете да го тегнете јазикот нагоре.rnrn4. Вратете го јазикот назад во вашата уста, релаксирајте ги мускулите и вратете се во првобитната позиција. Повторете ја целата постапката, на другата страна од главата.rnrnОстанатите јога вежби за лице, продолжуваат на следната страница…rn