Најдобрите градови за врвно кулинарско доживување

Најдобрите градови за врвно кулинарско уживање

Некои од нас патувањата ги базираат на добра храна, додека други мислат на храна откако ќе се вратат од патување. Ако припаѓате на првата категорија, тогаш вашиот живот веројатно се врти околу вашиот следен оброк, а сигурно такви места и сакате да посетувате. Ако сте љубител на добрата храна и постојано барате добри места каде што можете квалитетно да се најадете, направивме листа на 6 градови кои дефинитивно треба да ги посетите ако сакате да искусите врвно кулинарско доживување.

1. Копенхаген, Данска

1-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Прв на листава е Копенхаген каде мора да се спомне „Noma“ – ресторан кој засекогаш ја има променето кулинарската сцена благодарение на креативните и иновативни начини на подготвување на храната. Овој ресторан е прогласуван за најдобар во светот неколку години по ред. Иако цените не се многу пристапни, сепак мора да им се спомне на љубителите на храната. Добро планирајте пред да го посетите затоа што е многу тешко да добиете маса.

Освен „Noma“, има неколку други фантастични ресторани пропратени со прекрасни маркети и одреден вид креативност која е суптилно инјектирана во храната. „Relae“, „Radio“, „BROR“ и „Geranium“ се совршени примери каде се применува новиот нордиски начин на готвење кој е многу популарен последниве години. Ако сакате посекојдневно искуство упатете се во маркетот „Torvehallerne“ или во „Уличниот маркет на Копехаген“.

2. Бангкок,Тајланд

2-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Ако сте љубител на силните вкусови и зачини, тогаш Тајланд треба да биде на врвот од вашата листа. Како дом на најдобрите и најевтините јадења во светот, ви гарантираме дека кога ќе го напуштите Бангкок ќе бидете добро најадени и среќни. Навистина е лесно да најдете добра храна во главниот град на Тајланд. Уличните продавачи на храна се насекаде и лесно можете да ги намирисате неверојатните опции. Леплив ориз со манго, свинска или рибина чорба и многуте варијации на нудли се на врвот од безбројната храна на улиците на Бангкок.

Оние кои сакаат нешто пофино и пософистицирано, треба да се упатат во наградуваниот „Gaggan“ каде што ќе бидат послужени со јадења од врвната индиската кујна. „Nahm“ е уште едно фантастично место за јадење каде служат традиционална тајландска храна. Двата ресторани се сметаат за едни од најдобрите во светот и се познати по врвната храна.

3. Париз, Франција

3-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Иако постојат многу неверојатни места низ цела Франција кои се познати по добрата храна, има нешто посебно и магично во кафе културата и уличните маркети на Париз што веднаш ќе ве привлече кон оваа дестинација. Безбројните сирења? Виното? Фактот дека сѐ има подобар вкус бидејќи јадете во тесна париска уличка богата со типична архитектура? Доволно наведовме.

Постојат огромен број ресторани во Париз кои треба да ги посетите, а ќе чувствувате дека секој нареден е повкусен и попознат од претходниот. Бидејќи е тешко да згрешите со добра храна кога станува збор за Париз, овде сепак ќе се фокусираме на опциите кои се вкусни, уникатни и малку попристапни.

Меѓу најдобрите спаѓаат „L’Avant Comptoir“, а сестрата на овој скап и тежок за резервација ресторан е малиот ресторан богат со вкусови и добар избор на вино „L’as Du Fallafel“ кој е евтин избор на најдобриот фалафел во градот, но и во светот. „Marche des Enfants Rouges“ е одличен ако сте љубители на шетање низ улични маркети за храна и ако сакате да пробате од сѐ по нешто. Премногу храна, а премалку активност? Упатете се на француски час по готвење и доживејте го Париз со сета своја кулинарска убавина.

4. Токио, Јапонија

4-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Токио е град кој има повеќе од 3 ресторани наградувани со Мишелин ѕвездички и постојано ја одржува својата титула како еден од најгурманските главни градови во светот. Од познатото суши и супите рамен до помалку познатата храна, Токио може да се пофали со една од најмасивните кулинарски сцени во целиот свет. Во овој град тешко дека нема да најдете храна што ви се допаѓа.

Започнете така што ќе пронајдете една од многуте продавници за рамен или суши кои рано отвораат и подгответе ги вашите усни папили да уживаат во нудли со преливи кои нежно ќе се топат во вашата уста или пак во свежа риба од блиските маркети. Ако нудлите и живата риба не ви се омилена опција за појадок, тогаш запомнете дека Токио има огромен избор на различни видови печива и различни кафиња кои веднаш ќе сакате да ги пробате.

Откако ќе завршите уживајќи во прекрасниот појадок, не заборавајте да поминете во познатиот рибен маркет Tsukiji кој ја има целата морска храна што можете да ја замислите. Дури и ако ништо не ви фати око за купување, глетката е и повеќе од фантастична. Ако имате место за уште храна, пробајте ја најсвежата морска храна во целиот свет токму во некој од рестораните на маркетот. Откако сигурно ќе паднете во кома од премногу храна некаде околу пладне, упатете со во една од безбројните чајни куќи на Токио за да уживате во традиционална чајна церемонија одморајќи се и подготвувајќи се за следниот оброк.

5. Њујорк, Њујорк

5-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Градот кој претставува коктел од измешани култури и земји има и најдобра и најразновидна храна во цел САД. Иако е познат по храна каква што е пицата, ако навлезете подлабоко, ќе откриете уникатни јадења и култури кои вредат да бидат истражени. „Little Italy“, „Chinatown“, „Chelsea Market“… листата е бескрајна. Ви препорачуваме да шетате и да пробувате по малку од сѐ. По некое тако или суво месо е одлична идеја за почеток. Рестораните како „Tacombi“ се и повеќе од совршени за најневеројатното тако и „Russ and Daughters“ за најдобриот чаден лосос кој можете да си го замислите.

Иако голем дел од најубавата храна е лоцирана токму на Менхетен, убаво е да одвоите време и да ги истражите и другите. Храната во другите населби е многу поавтентична и поевтина отколку на популарните места во Менхетен. Квинс е фаворит кога зборуваме за индиска, корејска, грчка и кинеска храна, додека Харлем е фантастичен за карипска и т.н. душевна храна. Без разлика за која населба или кој тип кујна ќе се одлучите, упатете се со отворен ум и празен стомак.

6. Буенос Аирес, Аргентина

6-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mk

Ако сте обожавател на месо, тогаш Буенос Аирес е совршената дестинација за вас. Одлична евтина храна со неверојатни јадења, а сепак ниски цени. Главниот град на Аргентина е познат по стекот и постојат безброј места кои се сметаат за едни од најдобрите во светот каде може да го пробате. „Steaks by Luis“ е одлична опција, но можете да налетате и на голем број други различни ресторани за стек или скара раштркани низ целиот град.

Ако не сте обожавател на месо или сте вегетаријанец, голема е веројатноста дека ќе се запрашате дали овој град е за вас. Не грижете се, постојат многу други опции со кои овој град може да се пофали. Како додаток на омилените емпанади или неверојатните печива кои ќе ги најдете во многуте пекари низ градот, постојат голем број нови установи кои даваат свежа дефиниција и модернизација на аргентинската кујна. За да го искусите најдоброто, ви препорачуваме да направите обиколка на храна за да научите повеќе за нејзината посебност, како и за да дознаете кои се најдобрите места за јадење во градот. А ваквото искуство надополнете го со чаша фантастичен Малбек кој ќе ви го одземе здивот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар