КАФЕ ПАУЗА

Дознајте кои се 5-те најболни оперативни зафати

Дознајте кои се 5-те најболни оперативни зафати

Медицинските интервенции, особено операциите, често може да бидат болни и закрепнувањето да трае долго. Лекарот специјалист, заедно со анестезиологот, ќе направат сè што е во нивна моќ болките да бидат што помали. Болката понекогаш зависи и од субјективниот праг на толеранција на самиот пациент, па затоа е тешко да се рангираат операциите според степенот на болки што го предизвикуваат.rnrnДознајте кои се 5-те најболни оперативни зафатиrnrnСепак, постојат неколку видови операции за кои важи дека без разлика на пациентот, тие се болни, особено во периодот по операцијата до целосното закрепнување. Најчесто, најболни се ортопедските зафати, но постојат и такви кои се одвиваат лапароскопски, а потоа се непријатни за пациентот.rn

1. Отворена операција на коската кај петицата

rnФрактурата на оваа коска е болна, а понекогаш не е потребна операција за да се врати коската во првобитната состојба. Но, постои и скршеница кога мора да се интервенира хируршки, за да може да се намести коската така што правилно ќе зарасне. Кожата во овој дел е тенка, а нема ни меки ткива. Во текот на операцијата можно е да се оштетат и некои нерви, но и да треба да се применат и инпланти и шрафови. Откако ќе помине дејството на локалната анестезија, пациентот може да искуси силни болки, особено кога ќе треба повторно да вежба движење и газење.rn

2. Спинални операции

rnКога се работи за искривувања на ‘рбетот како сколиоза или дискусхернија, пациентот поминува низ силни болки, особено во зафатот со кој меѓу прешлените се вметнуваат инпланти за да се ублажи искривувањето. Понекогаш се зема дел од коска, најчесто од колкот или ‘рскавично ткиво, за да може да се исправи искривувањето. Овие пациенти често имаат хронични болки дури и откако целосно ќе закрепнат.rnrnДознајте кои се 5-те најболни оперативни зафатиrn

3. Миомектомија

rnСо оваа интервенција се отстрануваат фиброидите од матката. Тоа се бенигни израстоци кои се прилепени за ѕидовите на матката и иако сами по себе не се опасни, може да предизвикаат потешкотии за забременување. Најчесто оваа интервенција е преку киретажа на ѕидовите на матката, но доколку фиброидите се преголеми можно е и отворање на абдоменот, односно миомектомија. Процесот на закрепнување е болен бидејќи се прави рез и на стомакот и на матката.rn

4. Проктоколектомија

rnОва е процедура за отстранување делови (или целосно) од дебелото црево, ректумот и аналниот канал. Се применува при колитис, рак на органи во долниот абдомен и Кронова болест. Доколку е можно, се изведува лапароскопски, но и во двата случаи закрепнувањето е болно и долготрајно.rn

5. Комплексна спинална реконструкција

rnВаквата интервенција се применува при тешки деформации на ‘рбетот, при што се вметнуваат шипки и шини за да го држат исправен. Поради тоа што има голем број нерви околу ‘рбетот, спиналните интервенции се секогаш болни за пациентот.rnrnВо постоперативниот период при каква било интервенција, пациентот често е на лекови против болки, но и против воспаленија. Потребна е контрола и од хирургот кој ја извел операцијата и од специјалист во таа област, за да може да му се помогне на пациентот да закрепне целосно, со помалку болки во тој процес. Речиси по секоја операција е препорачливо пациентот што побргу да почне да се движи за да може да се покрене и природниот процес на исцелување, но и да се види дали операцијата била правилно изведена.rnrnБи можело да ве интересира и како изгледа операција за промена на полот.