Риби и близнаци – љубовна комбинација

Риби и близнаци – љубовна комбинација

Во љубовната врска помеѓу риби и близнаци постои меѓусебна симпатија и задоволство. Близнакот е интелигентен, слаткоречив и мозокот му работи брзо, па благодарение на овие негови карактеристики може да внесе еден хумористичен бран во животот на рибата, како и да и даде интелектуална насока, која може да и помогне да го фокусира нејзиниот фантазерски поглед кон светот.Риби и близнаци - љубовна комбинацијаРибите имаат интуитивна дарба. Тие лесно остваруваат конекција со другите луѓе на едно суптилно емоционално ниво, а нивната мечтателска природа ги прави многу отворени и дружељубиви личности. Накратко кажано, рибите очекуваат да го „извлечат“ од луѓето дури и она што некои би го нарекле невозможно и доста вешто го прават тоа. Близнаците се исто така слободоумни, многу пргави и флексибилни луѓе, а нивна најголема дарба е способноста да ги погледнат сите аспекти на ситуациите. Оваа врска е базирана токму на флексибилност и поврзаност. Близнаците и рибите не само што можат да бидат одлични љубовници, туку и добри другари.

На рибата може да и бидат повредени чувствата доколку близнакот честопати кажува премногу непотребни зборови пред да размисли. Но, дури и кога имаат проблеми овие партнери знаат да заборават и простат брзо. Никој од нив нема тенденција да „држи лутина“, рибата бидејќи знаат дека нивниот партнер има искрени намери, а близнакот бидејќи не сака да си го троши времето размислувајќи на „старите рани“.

Близнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникациите, а рибите од Јупитер, кој е симбол на среќа и Нептун (илузија). Јупитер кој се однесува на филозофијата, среќата и учењето, ја води рибата да посака да дознае што се крие длабоко под површината на работите, а Нептун му ја дава таа „мечтателска нота“. Меркур пак се однесува на бистриот инвентивен ум кој го има близнакот.

Рибата умее да ги сфати непресушните идеи на близнакот, на едно длабоко интуитивно ниво. Интересно во оваа љубовна комбинација, е тоа што постои микс од интелектуален, емоционален и интуитивен поглед кон животот, што му овозможува на овој пар да донесува многу стабилни одлуки. Ако рибата и близнаците заеднички работат на нешто, тие можат да достигнат многу голем успех.

Единствен нивни проблем се комуникациските недоразбирања, кои можат да настанат ако рибата се чувствува како близнакот да не ја разбира, или ако близнакот се почувствува задушен од чувствителноста на рибата. Добрата работа е тоа што двајцата партнери се трудат да ги преболат нивните сопствени повредени чувства. Овие два знака се многу компатибилни. Тие се многу прилагодливи, попустливи и лесно се справуваат со промени. Тие исто така имаат тенденција многу често да се предомислуваат, па олеснителна околност е тоа што се многу отворени и искрени. Ниеден од партнерите во оваа врска не чувствува потреба да биде „главен“ и тие меѓусебно си даваат доволно простор и слобода.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација близнаци-риби, е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и исползувањето корист од нивниот различен вид интелигенција. Тие имаат слични интереси, флексибилни се еден спрема друг и дефинитивно може да си каже дека многу си одговараат како пар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. kristina Reply

    ribi i ribi?

  2. bliznak Reply

    ne e tochno…vo realniot zivot od mnogu iskustva znam deka NIKAKO ne si odgovaram jas kako tipischen bliznak so ribi,a isto taka vo site mozni horoskopi sto gi chitam i na internet i od astro knigi i od razgovor so astrolozi vo nieden moment nikoj nema da potvrdi deka ovie dva znak si odgovarat,,,,totalnaaaa sprotivnost koja mnogu tesko naoga zaednichki jazik…i vo samite brakovi pomegju ribi i bliznaci samite partneri potvrduvaat deka se mnogu sprotivni..jas kako bliznak znam deka od site znaci NAJMACE mi odgovara riba… dokazano e i od teorija i od praksa

  3. saska Reply

    bliznak i bik????

  4. nikola stefanovski Reply

    A KAKO CE SE PROTOLKUVA ZA TIE STO NE APSORBIRAAT RIBI T.E. MESO STO SO NIV TIE SIGURNO CE SI ODGOVARAAT SO LAVOVITE OD PRERODBENICITE

  5. Dina Reply

    Хаха…на преку 100 места имам читано за риба и близнаци (дечко ми е риба, а јас близнак), и никаде не пишува дека си одговараат…и без разлика колку е ова точно или не, јас се расположив кога конечно прочитав нешто позитивно…ФАЛА ВИИИИ! :):):))))

  6. Риба Reply

    Прв пат читам позитивен хороскоп за оваа комбинација и од А до Ш е вистина.
    🙂

  7. portokalovva Reply

    Многу вистинито, буквално све. 🙂

  8. dajanaboskova Reply

    mojot bracen drugar bese bliznak ajas riba steta sto nee megu nas da go procita celosnose sovpaga ise slozuvam

  9. marina Reply

    jas i mojot soprug sme ovaa kombinacija,toj e riba a jas bliznak,dobro funkcionirame veke 26 godini,taka da iako prethodno citav deka ne si odgovarame horoskopski,sepak odlicno se slozuvame.barem do sega 🙂

  10. vale Reply

    JAS SUM BLIZNACI A MOJOT SOPRUG E RIBI PRVA PAT SLUSAM NESTO POZITIVNO ZA TAA KOMBINACIJA …NO SEPAK SETO OVAA STO E NAPISANO E VISTINA NIE SI PREMNOGU ODGOVARAME EDEN SO DRUG ZATOA I VERUVAM VO OVAA…FALA

Остави коментар