КАФЕ ПАУЗА

Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

Овој викенд, во Skopje City Mall се одржа сладок настан што привлече многу љубители на производите на „Фабриката за задоволства“, АД ЕВРОПА. Повод за настанот беше отворањето на новата специјализирана продавница во рамки на најголемиот трговски центар во Македонија.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnГолем број насмеани лица ја посетија новата продавница на ЕВРОПА, лоцирана на приземјето на Skopje City Mall и се засладија со производите од #ФабрикатаЗаЗадоволства. За секој посетител имаше сладок подарок подготвен од вештите раце на мајсторите од фабриката, а по повод отворањето во текот на целиот викенд дел од производите од широката палета на ЕВРОПА беа достапни по намалени цени.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnЗа прекрасната атмосфера на отворањето, придонесоа посетителите од сите возрасти, што е показател дека во производите на ЕВРОПА уживаат сите генерации.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnЕВРОПА е една од најстарите кондиторски компании на Балканот, позната по својот квалитет и производи со кои израснаа голем број генерации. Со производство започнува во 1882 како занаетчиска работилница за производство на локум и бонбони, за со текот на годините да го прошири своето производство со чоколади, крем банани, вафли, рум штангли и голем број други слатки задоволства, станувајќи еден од најпознатите и најомилени македонски брендови.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnСледејќи ги модерните трендови, Европа постојано го надградува своето производство и воведува новитети во линијата, па така изминатиот период беа претставени неколку нови производи како што се детската линија на вафли и млечни чоколади „MiNi“, чоколатцата со ментол Minti, како и чоколатцата „Brixx“. Љубителите на чоколади единствено во специјализираните продавници на ЕВРОПА можат да купат ексклузивни темни чоколади од 150, 400 и 1.200 грама.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnПосетете ја новата продавница во Skopje City Mall – приземје и откријте ја слатката страна на животот.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall