Случки од Итна помош: Што сè луѓето пикаат во себе за сексуално да се задоволат?
Докторите кои работат во итните одделенија се имаат изнагледано сè и сешто. Помеѓу останатото, нив им доаѓаат и луѓе кои имаат разни секојдневни ствари заглавени во нивните тела. Еве некои од најневеројатните и најчестите случки.
Храна во форма на пенис
Вработениот во Итна помош Алехандро Алхамбра тврди дека видел жени кои наместо сексуални играчки во себе си пикале смрзнати виршли и банани. Но, проблемот е во тоа што како што храната се гмечи, така парчиња се отцепуваат и остануваат во вагината.
Мобилни телефони
Една жена некако успеала да го изгуби мобилниот на нејзиниот партнер додека тој и таа се забавувале. Иако деталите во врска со тоа како телефонот завршил таму не се јасни, докторите го извлекле и ѝ го вратиле на жената која им кажала дека ѝ треба за да може да му го врати на својот партнер.
Дилдо
Според Алхамбра, ова се најчестите случаи на Итна помош кој се случува барем еднаш месечно.
Стаклено шише со газиран пијалак
Кога шишето ќе го пикнете во анусот, тоа може да предизвика вшмукување и нема да може да се извлече надвор, предупредува професорката и докторка Дарија Гилеспи. За жал, еден од нејзините пациенти ова го научил на потешкиот начин.
Лак за коса
Алхамбра се присетил како еднаш во доцните часови на Итното одделение му дошла жена со голема боца лак за коса во вагината.
Далечински управувач
Не е познато дали жената која имала заглавено далечински управувач во вагината всушност можела да ги менува каналите од таму, но дефинитивно е случај за кој вреди да се раскажува.
Вибратор
На еден маж толку длабоко во анусот м се напикал вибраторот, што тој уште зуел кога бил однесен на итна операција.
Хартиени крпи
Една жена имала замотано тампон од хартиени крпи во себе околу две недели пред да се појави на Итната помош за да ѝ ги отстранат, објаснува Алхамбра.