КАФЕ ПАУЗА

25 морничави искуства со парализа во сон

25 морничави искуства со парализа во сон

Дали ви се има случено да се разбудите, но да не можете да мрдате или да зборувате, да имате некаква тежина на вашите гради и да гледате ужасни нешта околу вас? Ако одговорот е да, не сте сами. Она што сте го искусиле е парализа во сонот, нарушување за кое многумина веруваат дека е како демонско искуство. Сепак, овде не станува збор за ништо натприродно, туку неспособност да се премине од една фаза на спиење во друга. Исто така, нарушувањето е многу често – околу 4 од 10 луѓе ќе искусат парализа во сонот барем еднаш во текот на нивниот живот. Па, ако сакате да знаете како изгледа ова, следуваат неколку страшни приказни што ги раскажуваат корисниците на Редит од сопствени искуства. Па, ако вечерва не планирате да спиете, прочитајте ги најморничавите искуства од ова нарушување.rnrn25 морничави искуства со парализа во сонrn

1. Темно суштество

rnЕден од корисниците на Редит како дете често доживувал парализа во сонот. Се будел легнат на грб и гледал темно суштество во аголот од собата. Се обидувал да вика или да зборува, но не можел. Кога ќе успеел да помрдне прст, суштеството се движело кон него.rn

2. Луциден сон

rnДруг пак, често пробувал луцидно сонување со звук со посебна бранова должина на неговиот телефон. Во текот на ноќта, неговите очи се отвориле, но не можел да ги мрда. Здогледал грдо суштество од 2 метри, а потоа слушнал и некои чудни звуци. По овој настан, се откажал од луцидните соништа.rn

3. Парализа во сонот на 10-годишна возраст

rnОвој корисник го искусил ова кога имал само 10 години. Дремел пред да тргне на училиште и се разбудил борејќи се за воздух. Врз него имало некаква тежина, а сè околу него изгледало портокалово.rn

4. Парализа за време на дремка

rnБидејќи секој пат кога дремел доживувал парализа во сонот, еден корисник на Редит успевал да ги мрда прстите на своите нозе за да ѝ каже на девојка му дека му се случува нешто.rn

5. Добра ноќ

rnЗа друг, првото искуство било најстрашно. Го почувствувал вообичаеното – тежина на градите и неспособност за мрдање, но слушнал и глас кој му рекол: „Дојдов само да ти посакам добра ноќ.“rnrn25 морничави искуства со парализа во сонrn

6. Темна жена

rnЕден маж го доживувал ова 2-3 пати месечно и слушал женски глас кој му велел: „Врати се на спиење“ или „Добра ноќ, злато.“rn

7. Комбинација на реалност и сон

rnЕдна девојка се соочувала со ова нарушување целиот свој живот, но никогаш не можела да побара помош. Една вечер здогледала маж кој бил облечен во црно и одел кон неа. Овој пат успеала да викне и открила дека мажот бил вистински. Нејзините родители веднаш повикале полиција, но човекот не бил фатен.rn

8. Постојана парализа во сонот

rnОвој човек постојано доживувал парализа во сонот, па веќе се навикнал на појавите. Еднаш гледал девојче кое сакало да го задави, друг пат слушал тропање на неговата врата. Тој изјавил дека тоа што не може да побара помош го плаши најмногу.rn

9. Киднапирање од вонземјани

rnКога еден од корисниците на Редит се разбудил, сфатил дека не може да мрда. Тогаш слушнал глас кој извикал: „Внимавај, буден е!“ Забележал дека е врзан за некој стол и дури помислил дека е киднапиран од вонземјани. Кога разгледал наоколу, сфатил дека станува збор за парализа во сонот.rn

10. Мјаукање

rnНајстрашното искуство за овој човек било кога слушнал мјаукање и почувствувал како мачка скокнала врз него. Корисникот никогаш не чувал мачка.rnrn25 морничави искуства со парализа во сонrn

11. Старата куќа на дедо

rnДодека дремел во куќата на дедо му, еден од корисниците на Редит слушнал гласови кои наликувале на смеење и извици од болка. Потоа се отворила вратата од гардероберот и забележал пар црвени очи кои гледале во него, а зборот „пекол“ постојано бил повторуван.rn

12. Собата на сестрата

rnОваа девојка често го имала ова нарушување и еднаш здогледала темна фигура како скока низ собата. Она што е уште почудно е што нејзината сестра го сонувала истото.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn