Девет особини со кои можете да го освоите секој маж

Девет особини со кои можете да го освоите секој маж

Што повеќе се сакате себеси, толку повеќе и мажите ќе ве сакаат. Морате да имате високо ниво на самодоверба и самопочитување. Иако не постојат правила во љубовта, треба да знаете што значи привлечно однесување со кое ќе го освоите срцето на секој маж.

Девет особини со кои можете да го освоите секој маж

1. Духовитост

Секој маж сака опуштени девојки кои умеат да се насмеат од срце и да кажат некоја шега на своја сметка. Смејте се опуштено, без срам и воздржувања.

2. Самоувереност

Жените кои се сигурни во себе и знаат што сакаат, се попосакувани во секој поглед, без разлика дали станува збор за партнерот или колегите на работа.

3. Искреност

Немојте да измислувате работи за да го воодушевите потенцијалниот партнер. Наместо тоа бидете опуштени, искрени и свои, колку и вистината да изгледа смешна или незгодна. На крајот на краиштата, секој поседува особини и животни искуства од кои не треба да се срами, бидејќи тие работни нè прават различни.

4. Образование

Не морате да имате докторат, но вложувањето во себе е привлечно, бидејќи отвора голем број теми за разговор.

5. Комуникативност

Идеално е кога жената секогаш има одговор на поставеното прашање и сака да кажува свое мислење и да дебатира на одредена тема. Треба да внимавате да не бидете премногу зборлести и дрски.

6. Физички изглед

Важно е да работите на своето тело, но не поради другите, туку поради себе. Ќе се чувствувате поудобно во своја кожа, а со тоа послободно и попривлечно.

7. Таинственост

Секогаш е добредојдена мала доза на мистериозност. Не откривајте сè за себе веднаш. На крајот на краиштата и мажите сакаат да бидат мистериозни, па зошто да не и вие. Во машката природа е да освојуваат и да откриваат, па затоа не им е привлечно да знаат сè за вас од првиот состанок.

8. Недостижност

Не смеете да покажете дека сте достапни во ниту еден момент. Понекогаш нека се прашува што ви е и да биде во исчекување повторно да ве види. Не станува збор за игра со потенцијалниот партнер, туку треба да запомните дека не треба да ги запоставите вашите секојдневни навики, како и друштвото, семејството и обврските.

9. Начин на облекување

Морате да знаете каде е границата на добриот вкус. Секогаш одбирајте го она што му одговара на вашето тело, а не она што е во мода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар