Основни правила за носење машки обувки

Сподели

Ако се прашувавте какви обувки во каква пригода и на кој начин се носат, во продолжение следуваат основните правила.rn

Реклама

Елегантни чевли

rnЕлегантните кожни чевли се неопходни за прилики во кои треба да покажете сериозност, како на пример бизнис состаноците, а задолжителни се и на свечени настани како коктели или свадби. Црните елегантни чевли можат да се носат со каков било костум. Ако, пак, сакате да ги носите со фармерки или каки панталони, тогаш најдобар избор се оние во кафеава боја.

rn

Мокасини

rnМокасините се единствената машка обувка која изгледа подеднакво добро и со костум и со кратки панталони. Особено добро изгледаат во комбинација со каки панталони и блејзер (или сако), или пак со кратки панталони и поло маица.

rn

Апостолки

rnКратко и јасно: апостолките се наменети за на плажа. Не се носат со ништо друго освен со шорцеви.

rn

Спортски сандали

rnТие имаат малку подебел ѓон затоа што се наменети за активности на отворено во летната сезона. Покрај со шорцеви, може да се комбинираат и со фармерки.

rn

Елегантни сандали

rnОбично се изработени од кожа и во изгледот не се разликуваат премногу од спортските влечки. Нивниот дизајн им овозможува да се носат заедно со ленени костуми. Никако не се носат со чорапи!

rn

Спортски чевли

rnСпортските чевли по дизајнот малку потсетуваат на оксфордки, но се разликуваат по спортскиот гумен ѓон. Се носат буквално со секаква секојдневна облека. Препорачливи се затоа што се носат во опуштена атмосфера, а делуваат поелегантно од обичните патики.

rn

Бродски мокасини

rnБродските чевли се варијанта на мокасините. Наменети се за топло време, така што може да се носат и без чорапи, во комбинација со шорцеви или ленени панталони.

rn

Чизми до глужд

rnТие се зимската верзија на елегантните чевли. Се комбинираат исто како нив.

rn

Планинарски чевли

rnСамото име кажува дека служат за планинарење или за пешачење. Се подразбира дека се комбинираат со облеката наменета за тоа, но можат да се носат и со фармерки.rn

Каубојски и моторџиски чизми

rnСо моторџиските чизми се изразува сопствениот стил, така што делуваат убаво во моторџискиот кожен стил. Секако дека одговараат и на фармерки, исто како и каубојските чизми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира