Нема ништо потажно од скршена чаша за вино од две причини: како прво, морате да го исчистите настанатиот неред, а како второ, таа можеби ви ја нудела последната шанса за уживање во виното после напорниот ден. Во продолжение ви ги откриваме четирите најголеми грешки кои ги правите при миењето на вашите ценети чаши за вино.rnrn
rn
1. Ги држите за дршката
rnТоа е најтенкиот и најчувствителен дел од чашата. Додека ја миете, најдобро е да ја држите за горниот дел, бидејќи таму е доста поцврста. Плус, кога ќе ви стане лизгава под млазот вода, ќе ви биде потребен цврст стисок.rn
2. Ги миете со врела вода
rnВе разбираме, сакате стаклото да биде чисто, блескаво и без бактерии. Но, премногу жешката вода може да предизвика пукање на деликатното стакло. Наместо тоа, прилагодете ја водата да биде млака.rn
3. Користите детергент со мирис
rnЗнаеме дека го обожавате оној сјај со мирис на лимон, но доколку го користите на чашите за вино, постои шанса да го загрозите вкусот на виното следниот пат кога ќе ја употребите. Имаме подобар план: изберете опција без мирис!rn
4. Ги оставате чашите да се сушат на воздух
rnОткако ќе ги измиете, секогаш ги оставате сами полека да се исушат на воздух. Но, ако имате тврда вода, минералите може да остават отпечатоци од капки вода на нив. Наместо тоа, секогаш пребришувајте ги со крпа или пешкир од микрофибер за да изгледаат блескаво и чисто.