Конечно празниците ни се приближија, што значи дека е време за украсување на новогодишните елки, купување подароци, светилки и декорации. Сите ние внимателно ги избираме украсите, а додека некои се одлучуваат за разнобојна, богато украсена елка, други се одлучуваат за минимализам и едноставност. Во која група спаѓате вие? Дали сте знаеле дека вашите омилени украси за елка откриваат и некои ваши психолошки особини?rn

rnrn
Класични стаклени украси
rnАко вашето внимание го привлекле традиционалните разнобојни стаклени украси, вие ги цените празниците повеќе заради духот отколку за подароците. Сакате да минувате време со семејството, особено за време на празниците. Вие не сте особено спонтана личност, но тоа не ви пречи. Вам во секое време можат да ве пронајдат во кујната како подготвувате вкусен оброк, како читате добра книга или како се галите со вашето домашно милениче.rnrn
rn
Разнобојни метални украси
rnАко ве привлекоа овие стари украси, вие сте генерално носталгична личност. Имате живописни спомени од детството и мислите дека децата мора да бидат во центарот на вниманието за време на празниците. Луѓето би ве опишале како домашен тип, но тоа не значи дека не сакате да минувате време со пријателите.rnrn
rn
Елегантни стаклени капки
rnОвие светкави, елегантни стаклени капки зборуваат за вашата минималистичка естетика. Имате склоност кон минимализам и во останатите сегменти од животот. Имате неколку блиски пријатели кои ви се како семејство и би направиле апсолутно сѐ за нив. Вашата кариера не тргнала по патот кој сте го замислувале, но сте среќни тука каде што сте завршиле.rnrn
rn
„Направи сам“ животни од филц
rnАко ви се допаѓаат овие слатки украси, вие сте личност со отворен ум. Креативни сте и сакате да бидете „сам свој мајстор“. Сакате на сите во вашиот дом да им биде удобно. Не сакате да бидете во центарот на вниманието, но одвреме-навреме знаете да дофрлите добра шега.rnrn
rn
Снешко
rnАко ве привлекоа овие мали украси, за вас празниците се зима, студено време и снег. Секогаш го барате позитивното во животот и другите знаат дека може да сметаат на вас да им го засладите животот. Вам не ви е проблем да ги ставите потребите на другите пред сопствените, што значи дека сте несебична личност.rnrn
rn
Модерни геометриски облици
rnАко ви се допаѓаат овие фанки, модерни украси, вие сте чудни и единствени. Многу сакате да сте организирани, понекогаш и погрешно, но тоа ви помага да останете насочени кон целта. Сите кои ве познаваат знаат дека сте амбициозни. Вие сте природен лидер и сакате константно да бидете зафатени.rnrn
rn
Традиционални украси од месинг
rnАко ги сакате овие украси од старата школа, вие сте креативни уметници. Се грижите за вашиот изглед, бидејќи знаете дека ве претставува вас однатре. Понекогаш ве преокупираат ситници, но умеете да ја погледнете и поголемата слика кога има потреба од тоа.rnrn
rn
Уникатна декорација
rnАко ве привлекуваат уникатните украси, вие дефинитивно играте по сопствен ритам. Сонувате да го пропатувате светот и пријателите би ве опишале како „џетсетери“. Сите знаат дека сте страсни и забавни и дека со вас супер ќе си поминат.rnrn
rn
Семејни украси
rnАко ви се допаѓаат вакви украси, вие сте приземна личност. Некои луѓе би ве опишале како стари души. Отсекогаш сте биле нежни, грижливи и зрели за своите години. Многу сте горди на вашите сакани.rnrn
rn
Украси кои претставуваат храна
rnАко ве привлекуваат вакви украси, вие имате разиграна, ведра личност. Ништо не може да ве онерасположи, дури и во тешите времиња. Вие сте одлични во давањето совети и луѓето знаат дека можат да му веруваат на вашето мислење. Секогаш ќе допирате до луѓето кои ги сакате и горди сте на вашите пријателства.rnrn
rnrnВи предлагаме и да изберете едно дрво за да дознаете што ќе доживеете во 2018-та година.rnrn