КАФЕ ПАУЗА

Ако постојано сте болни, побарајте спас во поленот од пчелите

Ако сте личност што постојано настинува и не можете да објасните како се случува тоа, тогаш треба на момент да застанете и да се подготвите за вистинско откровение. Поленот од пчелите може да биде вашиот спас ако сте склони на настинки и да, мислиме на вистинскиот нектар што доаѓа од брмчливите мали пчели што можете да ги најдете во вашата градина. Изгледа дека пчелите се зафатени со причина, а плодот на нивниот труд може многу да ви помогне за здравјето.rnrnАко постојано сте болни, побарајте спас во поленот од пчелитеrnrnНе грижете се, никој не бара од вас да се соочите со пчела за да го извлечете поленот од неа. Ако малку подобро истражитеќе откриете дека постојат додатоци од полен од пчели наменети исклучиво за луѓето со вакви проблеми. Но како тој всушост функционира?rnrnПоленот од пчелите е спакуван со есенцијалните витамини и минерали што му се потребни на вашето тело. Тој исто така содржи ензими и ко-ензими што помагаат при дигестијата, и имаат моќ да го подобрат вашиот имунитет подобро од кога било претходно.rnrnСо оглед на тоа што јадеме многу лоша и нездрава храна, како нација имаме склоност на воспаление на дигестивниот тракт, па поленот од пчелите ни доаѓа како мало чудо спакувано во шише, помагајќи ни да ја расчистиме штетата и да го вратиме нашето тело на правиот пат.rnrnКолку помалку воспаленија има во нашето тело, толку поздраво ќе биде и поотпорно на болести. Поленот од пчели е исто така богат со антиоксиданси што ве заштитуваат од штетните слободни радикали. Кој би рекол дека нектарот од најздодевните инсекти би можел да биде толку добар за човечкото тело?rnrnВо случај да ви треба повеќе убедување за магијата на поленот од пчелите, тој одлично влијае и при намалување на стресот! Вреди веднаш да го пробате, се согласувате?