Black Friday е на 27 ноември: Седум трика како да не купите нешто што не ви треба

Сподели

Попусти од 50, 60, 70 проценти. Одбројување до крајот на акцијата. „Само уште 3 парчиња!“ Сето тоа е создадено со една цел – да купиме брзо, пред да размислиме. Оваа година Black Friday е на 27 ноември, а еве како да го дочекате паметно.

Реклама
Реклама

1. Направете список уште сега

Запишете што навистина ви треба – зимски чевли, нов фен, подарок за мајка. Ако нешто не е на списокот, тоа е знак да застанете.

Реклама
Реклама

2. Правило на 24 часа

Ако видите нешто што ве привлече, а не е на списокот, не купувајте веднаш. Оставете го во кошничката еден ден. Најчесто, утредента желбата исчезнува.

3. Поставете буџет

Одлучете однапред колку најмногу сакате да потрошите. Кога ќе го достигнете, завршено.

Реклама

4. Следете ја цената уште од денес

Запишете или сликајте ги цените на производите што ве интересираат. Така на Black Friday ќе знаете дали попустот е вистински или цената претходно била покачена.

5. Исклучете ги известувањата

Мејловите и пораките со „последна шанса“ се дизајнирани да создадат паника. Одјавете се од билтените што не ви требаат.

6. Не чувајте ја картичката во апликациите

Кога купувањето е само еден клик, многу е лесно да се претера. Внесувањето на податоците одново ви дава неколку секунди за размислување.

7. Прашајте се: дали би го купил и без попуст?

Ако одговорот е не, тогаш попустот не ви заштедува пари – ве тера да потрошите.

Најдобрата зделка не е онаа со најголем процент, туку онаа после која не се каете.

Најново

Може ќе ве интересира