Има една изрека која вели: „Не те дебелее алкохолот, туку бурекот што го јадеш во пет сабајле кога си пијан“. Многу сме гладни кога сме пијани и едвај чекаме пред нас да се појави што било што може да нè најаде. Постојат неколку причини за тоа.
rn
Се чувствувате помалку сити и кога сте најадени
rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои пијат по чашка алкохол побавно се заситуваат од оброкот во споредба со оние кои пијат нешто безалкохолно пред да почнат да јадат. Тоа покажува дека телото не ги препознава калориите од алкохолот и се труди што побргу да го исфрли затоа што е отров и затоа не ви го дава чувството дека сте сити и сакате да јадете уште.rn
Алкохолот ви буди убави спомени
rnГладот не се јавува само кога на телото му треба храна, туку и кога таа ѝ треба на психата. Нашиот мозок знае како да го поврзе алкохолот со вкусната и мрсна храна и со убавите моменти на дружби или прослави. Затоа кога пиете алкохол мозокот ви вели да каснете и нешто калорично за потсвесно да симулирате убави моменти од животот.rn
Алкохолот прави брзата храна да има феноменален вкус
rnПа зарем бурекот не е највкусен во пет сабајле? Тоа е така поради тоа што алкохолот го засилува и подобрува вкусот на солената и мрсната храна. Затоа не е чудно што мозокот не ви бара салата кога сте пијани, туку бурек.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

