Со поимот дистопија се дефинира застрашувачко и ризично општество, кое настанало по низа претходни неповолни настани, односно спротивно од дефиницијата за утопија. „Игри на гладните“ е книжевен серијал според кој се сними и филмска трилогија, која доживеа неверојатен успех и во двете полиња. Во серијалот исто така се дискутира и за важни теми, како што се нееднаквоста и консумеризмот, а централниот лик Кетнис е силен женски карактер, која истовремено е и нежна и кршлива. Ако сте љубител на овој жанр, и најважно од сè, ако сте уживале во „Игри на градните“, тогаш дајте им шанса и на следниве книги со слична тематика…rn
1. „1984“ – Џорџ Орвел
rn
rnrnДејството се случува во општество во кое сè е контролирано од „големиот брат“ и од владата, а главниот лик, секако, ги крши овие правила и запаѓа во неволји.rn
2. „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale) – Маргарет Етвуд
rn
rnrnСлугинката Офред стои на располагање на своите работодавци, односно на мажот кој ја користи како инкубатор, за да му роди деца. Снимени се и филм во 1990 година и ТВ серија од 10 епизоди во 2017, со најава за втора сезона.rn
3. „Господарот на мувите“ (Lord of the Flies) – Вилијам Голдинг
rn
rnrnСтанува збор за романот на Вилијам Голдинг, во кој се зборува за група млади момци од Англија кои се обидуваат да преживеат на остров, откако преживеале пад со патнички авион.rn
4. „Поврзани“ (Matched) – Али Конди
rn
rnrnЛуѓето се поврзуваат со својот партнер на 17 години, а главниот лик Касија е поврзана со најдобриот пријател, за наскоро да сфати дека настанала грешка во системот. Подоцна, се појавува и вистинскиот партнер, кој е обвиен со мистерии.rnrnПреминете на следната страница за останатите 4 книги…rn
