Во денешно време, речиси сите луѓе ги користат социјалните мрежи. Меѓутоа, сите го прават тоа на различен начин и со различна цел. Некои ги употребуваат социјалните мрежи погрешно и ги користат само за да се информираат и да контактираат со луѓето. Но, за среќа, преовладуваат оние кои знаат како максимално да го искористат потенцијалот на социјалните мрежи и токму тие луѓе го прават светот подобро место за живеење! Погледнете ги следниве 17 работи што ги прават само тие кои ја разбираат вистинската намена на социјалните мрежи…rnrn
rn
1. Кажете ни сѐ! Немојте да изоставите ниту еден детаљ!
rnНам ни требаат одговори веднаш! Зошто да ги прескокнувате безначајните детали кога можете да го преплавите светот со информации? Зошто да бидете мистериозни и скромни? Зошто да се изложите на ризикот да бидете заборавени или погрешно разбрани? Зошто луѓето да помислат дека ништо не ви се случува во животот? Споделувајте сѐ што ви се случува! Какви житарици купувате, што јадете за појадок и зошто? Дали ја користите истата пинцета за сѐ или имате различни? Сакаме да знаеме!rn
2. Никогаш немојте да се тргнете од очите на јавноста
rnМожеби нема да ги натерате луѓето да ве сослушаат, но можете да го кажете вашето мислење и треба! Не двоумете се дали да застанете во центарот на вниманието. Никогаш не ја напуштајте сцената. Поставете си камп на неа и бомбардирајте ги луѓето со објави!rn
3. Никогаш не се сомневајте дали вестите во кои верувате се вистинити
rnПроверувањето на фактите е дел од минатото. Вашето субјективно мислење е она што ви треба. Ако мислите дека некоја статија е вистинита, тогаш сигурно сте во право. Ниту еден веб-сајт не објавува лажни информации. Можете да ја искористите која било статија за да ги докажете вашите тврдења, вклучувајќи ја и оваа…rn
4. Пријателите на социјалните мрежи се вашата публика
rnОва се вашите 5 минути. Не прифаќајте ништо помалку од она што го заслужувате. Штом ве додал некој за пријател, тогаш сигурно му се допаѓа она што имате да го понудите. Не плашете се да ја зголемите вашата база на обожаватели, бидејќи сигурно сите ве обожаваат.rnrn
rn
5. Постојано информирајте нѐ колку следбеници имате
rnСекогаш кога ќе достигнете цел број, објавете фотографија, видео, песна, филм, што било, само не дозволувајте да помине моментот. Бројот на следбеници е голема работа!rn
6. Не заборавајте да се пожалите доколку некој ве отследи
rnВо денешно време луѓето не се воопшто лојални… Слободно пожалете се доколку некој ве отследи. Објавете твит и објаснете ја целата ситуација. Направете графикон. Оставете линк од нивниот Фејсбук профил. Покажете му на светот какви предавници постојат на социјалните мрежи! Напишете статија и до детали објаснете ја целата ситуација. Не му дозволувајте на неранимајкото да се извлече!rn
7. Слободно кажете си сѐ што ви лежи на душичката
rnЗошто да се жалите само за следбениците кои ве отследиле? Зошто да не се пожалите за целиот свет? Почнете со вашиот сосед, партнер, симпатија, човекот кој не знае дека сте во врска, но би требало да знае… Светот полека пропаѓа и некој треба да каже нешто во врска со тоа! Очигледно е дека вие сте тие! Тоа е многу несебично од ваша страна. Замислете си свет полн со наивни луѓе кои мислат дека сѐ е во ред! Не смеете да го дозволите тоа!rn
8. Споделувајте информации без утврдени докази
rnНемојте да барате докази за вашите информации. На светот му треба повеќе искреност. Поголема автентичност. Повеќе интуиција. Зошто да се обидувате да докажете нешто? Не, ако не можат луѓето да ја поднесат вистината, нека ве отследат. Не размислувајте, само споделувајте!rnrn
rn
9. Објавувајте само фотографии за кои еден ден ќе се покаете
rnЕднаш се живее! Сте ги фатиле сите тие диви, луди и засрамувачки моменти на камера, па зошто да не ги споделите со светот?! Па, што ако не се примерни?! Вие не треба да уживате во овие чудни фотографии сами. Па, што ако другар ви може да остане без работа поради една фотографија? Да сакал да остане на работа, немало да постои таква фотографија, се согласувате?rn
10. Видеата се уште подобри
rnСветот копнее по видеа. Споделете ги. Споделете ги сите. Колку поголема можност постои да се покаете толку побрзо треба да го објавите видеото.rn
11. Објавувајте само на секои 20 минути
rnНа секоја здрава врска ѝ треба пауза, а вашата врска со социјалните мрежи не е ништо поразлична. Наместо да објавувате работи на секоја минута, бидете малку поумерени и објавувајте на секои 20 минути. Треба да им недостасувате на луѓето понекогаш. Така е позабавно.rn
12. Ако сакате да направите подолга пауза, објаснете ја причината за тоа во 6 параграфи
rnАко, не дај Боже, нешто ви се случи и не можете да објавите ништо цел ден, должни сте да ја објасните причината за тоа. Доколку сакате да ви успее врската со социјалните мрежи, извинете се со текст од минимум 6 параграфи и објаснете зошто сте исчезнале. Дајте ветување дека нема да ви се случи повторно, а ако се случи, повторете го овој чекор.rnrn
rn
13. Златно правило: По едно селфи на ден и ќе бидете здрави како дрен
rnДа не беше важно ова правило, телефоните немаше да имаат предна камера. Ако не објавувате по едно селфи на ден, ќе заборавиме како изгледате. Постојат билиони луѓе во светот. Како би можеле да ве запаметиме, ако не нѐ потсетувате на вашето лице?! Не размислувајте, само објавувајте.rn
14. Дајте ни ги сите информации за вашата љубовна врска
rnСе слуша дека сте започнале нова врска. Кажете ни повеќе во врска со тоа! Кажете ни како сте се запознале, кои се вашите соништа, што јадете заедно, што мислите еден за друг, какви подароци си подарувате… Сакаме и ние да бидеме дел од вашата врска. Но, ако се случи нешто и прекинете, немојте да кажете ниту збор! Исклучете го компјутерот, преселете се на Алјаска и вратете се кога ќе бидете подготвени. Кога ќе пишувате 6 параграфи за да објасните зошто сте исчезнале, немојте да ги спомнувате вашите бивши. Исто како да не се случило.rn
15. Слободно хејтајте! Баш ни се допаѓаат негативните коментари
rnКако се осмелуваат луѓето да објавуваат глупав хумор на социјалните мрежи?! Исхејтајте ги! Најдете ги луѓето кои најмалку го сакаат вашето мислење и соочете се со нив преку коментари. Правете го ова секогаш кога можете. Љубовта и почитта што ќе ги добиете на овој начин се неверојатни!rn
16. Со месеци игнорирајте ги пораките и одговорете само откако ќе го изгубат нивното значење
rnЗошто да одговорите на време кога можете да одговорите подоцна? Луѓето можат да забележат дека сте зафатени. Зар не ги виделе објавите на секои 20 минути, коментарите, фотографиите, видеата и статусите? Очигледно е дека имате премногу работа! Не смеат да очекуваат да одговорите на сите тие пораки одеднаш. Сторете го тоа кога ќе можете. Најдобро е да одговорите подоцна. Луѓето треба да си ја научат лекцијата!rn
17. Поканете нѐ да ви се придружиме во игрите што ги играте на социјалните мрежи
rnЗошто да си играте сами кога можете да нѐ поканите сите? Не заборавајте дека упорноста е најважна! Поканете колку што можете повеќе луѓе. Доколку ве блокнат, не го сфаќајте тоа лично. Направете друг профил и исхејтајте ги. Вие можете и треба да пратите што е можно повеќе покани за игри. Еден ден ќе му го разубавите животот некому!rnrnОвие саркастични правила за употреба на социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие. Многумина ги применуваат, па ако се пронајдовте во некои од нив, ваша одлука е дали ќе ги промените или ќе продолжите слепо да ги следите. На крајот на краиштата, сите треба да го правиме она што ни овозможува среќа и задоволство, така што доколку социјалните мрежи ве прават среќни, слободно следете ги вашите лични правила и принципи и користете ги онака како што сакате.rnrnНе се согласувате со овие правила? Тогаш сигурно ќе се сложите со причината зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи.