Менталното прегорување на работното место станува сè почесто, а неговото влијание на физичкото и менталното здравје е навистина сериозно. Доколку почувствувате некој од следниве 5 симптоми, време е за промена.rnrn
rn
- rn 011
- Болка: Болка во стомакот, мускулите и главоболки што се повторуваат.
- Гнев: Често експлодирате и лесно се лутите.
- Рамнодушност: Сте ги изгубиле мотивацијата и интересот за работното место.
- Цинизам: Се чувствувате песимистично и цинични сте кон сè што се случува.
- Замор: Без разлика колку добро сте спиеле, сепак се чувствувате уморно и пасивно.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко сметате дека навистина сте прегореле, секогаш можете да побарате помош од професионалец. Ако чувствувате кој било од симптомите подолго од две недели и ако тие ви го попречуваат нормалното функционирање, најдобро е да се обратите кај вашиот лекар. Исто така треба да размислите како можете и самите да си помогнете. За почеток добро е да се прашате како се грижите за себе и за вашите потреби.rnrnНе треба да бидете престроги кон себе доколку сметате дека не се грижите доволно за себе. Повеќето луѓе би требало многу повеќе да се грижат за нивното ментално и физичко здравје. Доколку не знаете од каде да почнете, пробајте со вежбање, квалитетен сон, дружење и здрава исхрана. Истражувањата покажале дека здравите навики во овие области се од помош и за физичкото и за менталното здравје.rnrnМожете да ги следите следниве совети за подобра грижа за себе.rn
- rn 011
- Вежбање: Секој ден вежбајте најмалку 30 минути. Можете да вежбате и во интервали, на пример 3 пати по 10 минути.
- Спиење: Потребно е да воспоставите ритам на спиење што ви одговара и да го следите секоја вечер, дури и за време на викенди.
- Свесност: Секој ден посветувајте 10 минути на себе и на размислувањето за вашите одлуки.
- Дружење: Секој ден дружете со пријателите и семејството. Тоа може да биде телефонски разговор, кратка прошетка и слично.
- Исхрана: Исфрлете ја преработената и брзата храна и водете дневник за исхрана.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЦелта е истовремено да работите на сите области што влијаат на вашето физичко и ментално здравје. Не е добро да одберете само една, а да ги занемарите другите. Постепено воведувајте ги новите навики и ќе го подобрите вашиот живот.rnrnПогледнете и како да се справите со стресот на работното место и да го зачувате психичкото здравје.
