КАФЕ ПАУЗА

Сè што треба да знаете за маслото од коноп

Сè што треба да знаете за маслото од коноп

И покрај терапевтските придобивки од канабисот, сепак постојат премногу нејасни работи во врска со маслото од коноп. Важно е да се расчистат заблудите околу производите од канабис и да знаете кои се придобивките и недостатоците од неговата употреба.rnrnСè што треба да знаете за маслото од конопrn

Предности и недостатоци

rnКанабисот постои илјадници години и се верува дека потекнува од Јужна или Централна Азија. Двата главни вида се канабис сатива и канабис индика. И двата вида содржат многу психоактивни и непсихоактивни супстанци. Сативата е позната по стимулирачкиот ментален ефект, додека индиката е позната по смирувачкиот ефект.rnrnИзминатите неколку децении повеќето видови се одгледувани со цел да се зголеми нивото на главната психоактивна состојка – ТХЦ. Сепак, истражувачите стануваат сè позаинтересирани за медицинските придобивки на состојката канабидиол (ЦБД). Оваа состојка не е психоактивна, но се покажала како корисна во многу медицински случаи.rn

Разни видови масло од коноп

rnРазликувањето на канабисот и конопот може да биде навистина збунувачко. Постојат разни видови канабис сатива со разно количество ТХЦ и ЦБД. Сативата и конопот се ист вид, а разликата е во тоа што сативата со над 0,3% ТХЦ се смета за марихуана. Па, која е разлика помеѓу масло од коноп, масло од семе од коноп, ЦБД масло и масло од канабис?rn

1. Масло од коноп

rnОва масло се добива од стеблото на конопот, најмногу поради состојката ЦБД. Легално, мора да има помалку од 0,3% ТХЦ.rn

2. Масло од семе од коноп

rnОва масло се добива од семето на конопот. Нема или содржи многу малку ТХЦ или ЦБД и се користи за здравите масти во него.rn

3. ЦБД масло

rnВо државите каде што канабисот е легален, маслото се добива од канабис сатива или коноп и се прави од целото растение. Во државите каде што канабисот не е легален, маслото се прави од коноп, односно стеблото на растението.rn

4. Масло од канабис

rnОва масло се добива од растението канабис сатива и може да содржи и ЦБД и TХЦ. Поради ова, не може да се купи во држави каде што канабисот не е легален. Покрај тоа, бидејќи маслото може да содржи повисоко количество ТХЦ, може да претставува проблем за луѓето кои не ги сакаат психоактивните ефекти од него.rn

Што е масло од коноп?

rnКако што споменавме, маслото од коноп се добива од стеблото на растението коноп. Процесот на екстракција вклучува користење растворувач со кој се одвојува маслото од стеблото. Постојат бројни растворувачи од кои сите имаат свои предности и недостатоци.rn

Методи на екстракција на масло од коноп

rn

1. Јаглероден диоксид

rnВо овој метод конопот е изложен на гас со висок притисок и ниска температура со кој се изолираат и зачувуваат канабиноидите во маслото. Недостаток е тоа што процесот е бавен и многу скап.rn

2. Етанол

rnОваа екстракција е безбедна и неотровна во мали количества. Главниот недостаток е тоа што со овој метод се уништува восокот од стеблото за кој многумина веруваат дека има здравствени придобивки.rn

3. Маслиново масло

rnМаслиновото масло е безбедно и не многу скапо. Проблемот е што не може да се направи во концентрат, па мора да се складира на темно и студено место.rn

4. Бутан и хексан

rnОвие растворувачи се одлични за екстракција на канабиноидите од конопот, но дел од нив остануваат и се потенцијално опасни за белите дробови.rn

Колку е безбедно маслото од коноп?

rnБидејќи е потребно големо количество стебла за да се произведе маслото од коноп, постои ризик од контаминација од токсини кои ги има во растението. Ова е поради тоа што конопот има способност да ги повлекува токсините од почвата на која расте.rn

Употреба на масло од коноп

rnМаслото може да се консумира орално, да се нанесува локално или сублингвално, или да се пуши преку испарување. Испарувањето и сублингвалното нанесување имаат побрз ефект, додека на пилулите и продуктите за јадење им се потребни од 30 до 90 минути за да почнат да делуваат. Локално, маслото се нанесува директно на проблематичните места.rn

Придобивки од маслото од коноп

rnКога станува збор за придобивките, најчесто се однесува за придобивките на ЦБД во маслото. Иако се потребни повеќе квалитетни истражувања, некои од досегашните се со неверојатни резултати.rn

1. Епилепсија

rnМаслото од коноп се користи кај пациенти со епилепсија со децении. Едно неодамнешно истражување покажало значително намалување на нападите по користење на медицински канабис збогатен со ЦБД. Во истражувањето 52% од испитаниците покажале намалување на 50% од нападите.rn

2. Анксиозност

rnИстражување од 2011-та година покажало значително намалување на анксиозноста кај испитаниците кои го користеле маслото.rn

3. Болка

rnНекои истражувања покажале намалување на болката со локално нанесување на маслото. Досегашните податоци покажуваат дека комбинацијата на ЦБД и ТХЦ е најефективна за болка.rn

4. Алцхајмерова болест

rnМало истражување од 2014-та година покажало дека ЦБД го спречува развивањето на неспособноста за социјално распознавање, нешто што е честа појава кај пациентите со Алцхајмерова болест. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за ова.rn

Како да го одберете вистинскиот продукт од коноп?

rnПостојат некои критериуми на кои треба да обрнете внимание:rn

    rn 011

  • Конопот треба да биде одгледан 100% органски со минимална изложеност на пестициди.
  • rn 011

  • Маслото од коноп треба да биде добиено со јаглероден диоксид, етанол или маслиново масло. Ако одберете маслиново масло, чувајте го во темна и студена просторија.
  • rn 011

  • Побарајте сертификат за анализа. На овој начин ќе го знаете хемискиот состав на маслото и присуството на штетни материи како тешки метали.
  • rn

rn

Дозирање на масло од коноп

rnПостојат неколку нешта кои треба да се земат предвид кога станува збор за дозирање на маслото.rn

1. Сите се различни

rnСекој човек реагира различно на разни дози ЦБД. Најдобро е да тестирате што ви одговара најмногу.rn

2. Почнете полека

rnЗапочнете со помала доза и постепено зголемувајте ја. Не заборавајте дека ако го внесувате орално потребни се 30 до 90 минути за да почне да делува.rn

3. Земете неколку мали дози во текот на денот

rnРаспоредете ја дозата наместо целата да ја земете наеднаш.rn

4. Повеќе не е секогаш подобро

rnПонекогаш помалите дози имаат подобар ефект.rn

5. Консултирајте се со лекарот

rnОва е особено важно ако сте бремени, ако доите или ако примате други лекови. ЦБД може да реагира со одредени лекарства.rn

Несакани ефекти од маслото од коноп

rnИако се многу ретки, некои луѓе пријавиле несакани ефекти од употребата на масло од коноп. Најчести се низок крвен притисок, сува усна празнина, намалена способност за размислување и седација. Истражувањата на животни не покажале никакви токсични несакани ефекти од употребата на маслото. Сепак, бидејќи не постојат долгорочни истражувања на оваа тема, секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете со употреба на масло од коноп.rnrnПрочитајте нешто повеќе за здравствените придобивки од марихуаната.