Уморот може да доаѓа од различни причини, особено доколку целиот ден го поминувате со обврски, па вечерта чувствувате дека немате воопшто енергија да правите што било. Но, доколку и после одморот вие се чувствувате уморни, тогаш сигурно постојат некои тајни причини кои дополнително ви ја крадат вашата енергија. Во продолжение погледнете кои може да бидат тие.
rn
1. Вие сте дехидрирани
rnФакт е дека водата ви е потребна за да им овозможите правилно функционирање на вашите органи. Доколку не внесувате доволно количество, тоа може значително да влијае на вашето расположение.
rn
2. Премногу сте хидрирани
rnОвде особено голем проблем е времето на консумирањето. Имено, пиењето премногу вода пред да одите на спиење ќе доведе до попречување на вашиот сон. Наместо тоа, обидете се да пиете по малку вода во текот на целиот ден, при што ноќта ќе не морате да станувате за да одите во тоалет и ќе си овозможите помирен и поквалитетен сон.
rn
3. Имате неред во вашиот дом
rnМалку ред во вашата околина може да ви помогне да имате почист ум. За да имате мирен сон, можете да се обидете да ја уредите вашата спална според фенг шуи.
rn
4. Премногу ви е топло
rnКако што станува постудено, примамливо е да барате повеќе топлина, но обидувајте се да одржувате некоја константна температура, со што ќе се осигурите дека нема да се разбудите во три часот наутро и да се превртувате од премногу жешко.
rn
5. Имате алергии
rnЧешањето на очите и носот поради одредена алергија, може да ви го намали расположението. Доколку знаете дека кај вас е присутен овој проблем, тогаш навремено земете лекови за ублажување на неговите симптоми и консултирајте се со вашиот лекар.
rn
6. Немате распоред на спиење
rnМожеби си велите дека за време на викендите нема да останувате будни до премногу доцна, но сепак, останувате до два часот наутро. Дури и да спиете ист број часови секоја ноќ, разликата во времето може да влијае на вашето тело и да ја намали вашата енергија.
rn
7. Си легнувате лути
rnСте имале караница со вашиот партнер? Решете го проблемот пред да отидете на спиење, затоа што тоа во голема мера може да влијае на вашиот сон.
rn
8. Имате проблеми со тироидната жлезда
rnСе чувствувате нерасположени подолго време? Тоа може да биде резултат на намалена работа на тироидната жлезда, што прави да се чувствувате повеќе тромави, без разлика колку време спиете. Доколку продолжат симптомите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
rn
9. Ви треба повеќе железо
rnЖелезото помага при движењето на крвта и носењето кислород до вашите мускули. Доколку не внесувате 10 милиграми дневно, може да се чувствувате повеќе уморни. Обидете се да го внесувате преку храната која е богата со железо, како што е спанаќот, гравот и слично.
rn
10. Временските услови
rnНекои луѓе особено ги чувствуваат промените на годишните времиња. Вежбајте и доколку има сонце практикувајте да седите изложени на него барем неколку минути, со цел да го зголемите витаминот Д.
rn
11. Не сте доволно изложени на сонце
rnСонцето е еден од најважните надворешни знаци кој го регулира вашиот деноноќен ритам (односно, внатрешен часовник.) Поминете најмалку 30 минути надвор секој ден, со цел да го подобрите квалитетот на вашето спиење.
rn
12. Премногу сте изложени на вештачка светлина
rnПрекумерната светлина која доаѓа од различните екрани со кои сте опкружени, може да влијае на вашето спиење. Затоа, отстранете ги дополнителните извори на светлина од вашата спална соба, со цел да си обезбедите поквалитетен сон.


