Родителството е тешко. Особено ако имате дете што постојано плаче. Вие викате колку што ве држи гласот, нагласувајќи ги сите негови грешки и ништо не се случува. И покрај сè, тоа се насолзува. Овој проблем ѝ бил многу добро познат на една мајка која решила да побара совет на Куора со прашањето: „Како да ја научам мојата 16-годишна ќерка да престане да плаче кога ја карам за нешто што направила погрешно?“ Мислите дека го знаете точниот одговор? Сигурни сме дека грешите. Во продолжение следува одговорот на Алиша Џордан, што била во ситуацијата на 16-годишното девојче, како и нејзина фотографија. Токму затоа и секоја мајка што вика на своите деца мора да го прочита!rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnНе грижи се за тоа. Со тек на време таа самата ќе престане да плаче. Ќе те погледне со умртвени очи, конечно отрпната на болката. Ќе се запраша зошто воопшто се грижела за твоето мислење. Ќе се запраша и зошто сакала да те задоволи или да те направи горда. И потоа ќе продолжи понатаму.rnrnСекојпат кога ѝ викаш, тоа е како да ѝ удираш шлаканица по лицето. Во моментов таа претпоставува дека вината е нејзина. Но, еден ден ќе сфати дека вината е твоја затоа што не си била доволно трпелива, и не си ѝ овозможила доволно насочување со љубов кога правела грешки.rnrnТаа ќе престане да плаче кога ќе ѝ викаш затоа што веќе нема да се грижи за тебе. Дали е ова тоа што го сакаш?rnrnСо почит,rnrnЌерка на која исто така ѝ викалеrnrn[/message_box]rnrnШто мислите вие на оваа тема? Дали сметате дека може да се разговара со децата што прават грешки, исто како тие да се возрасни и зрели личности, или единствениот начин да направите некаква промена во нивниот живот е да им викате? Пред да одговорите, прочитајте го искуството на Алиша уште еднаш!rnrnПрочитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка!rnrn
Загрижена мајка прашува како нејзината ќерка да не плаче кога таа ја кара. Одговорот што го добива е бесценет!
