Некои жени воопшто немаат здолништа во својот гардеробер. Многу од нив сметаат дека е полесно да се има фустан и тогаш се ослободени од комбинирањето на идеалниот горен или долен дел. Всушност здолништата се едни од главните парчиња во женската гардероба, затоа што лесно можете да ги комбинирате со различни модели на кошули, маици, па дури и обични памучни блузи.
Доколку сте во потрага по идеален модел на здолниште, тогаш овие неколку предлози треба да ги земете во предвид. Некои модели се совршени за интервју за работа, додека други за вечерни излегувања. Без разлика какви здолништа преферирате, ова парче облека сигурно ќе биде ваш „ас во ракавот“ кога сте во брзање и не знаете што да облечете.
rn
1. Тесно здолниште
rnБарем едно тесно здолниште до колена е задолжително парче во гардероберот на секоја жена. Никогаш не знаете кога ќе ви затреба, дали за разговор за работа или за вечерно излегување. Во зависност од тоа со што ќе го комбинирате, тоа може да изгледа сосема различно. За работа спојте го со блуза, а за вечерно излегување со проѕирна кошула и додадете накит за да ја зачините целата комбинација.
rn
2. Мини здолниште
rnОвој модел не излегува од листата на модни трендови веќе неколку децении. И воопшто не треба, бидејќи доколку правилно го комбинирате со остатокот од гардеробата, нема да направите модна грешка. Мини здолништето открива толку колку што треба и колку што вие сакате. Обидете се секогаш да го комбинирате со некоја затворена блуза, за акцентот да биде ставен на вашите нозе.
rn
3. Здолниште со А крој
rnОвој ретро модел со средна должина кој полека се шири надолу е модел за сите времиња. Како што модните трендови налагаат, полека се враќа на големата врата. Можете да го комбинирате со буквално сè. Ќе биде ваш совршен избор и за дневни прошетки и за работни состаноци.
4. Карирано здолниште
rnКарираниот дизајн можеби ве потсетува на детството кога вашите мајки ве терале да носите баш вакви здолништа, па дури иако сте бојкотирале, сега е вистинското време да му дадете шанса. Карираното црвено, сино, зелено, па дури и жолто ќе го освежи вашиот изглед.
rn
5. Кожно здолниште
rnКожните здолништа се водечки моден тренд веќе неколку сезони и тоа е сосема оправдано. Лесно се комбинираат со различни материјали и изгледаат шик и секси истовремено. Во последно време, деталите како патенти или нитни се многу популарни, но вие можете да комбинирате и едноставни модели со затворени блузи за перфектен софистициран изглед, кој никогаш не излегува од мода.
rn
6. Долго здолниште
rnДолгите здолништа најчесто се носат во лето, со светли бои и лесни материјали кои ѝ пријаат на кожата на високите температури. Наскоро стигнува пролетта, па можеме да се радуваме на овој модел, а до тогаш избирајте подебели материјали и темни дизајни.


