КАФЕ ПАУЗА

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од кое било место на Земјата

Written by

in

Направете си едно убаво еспресо, пуштете го Ерос Рамацоти или некоја убава арија и изгубете се во овие наслови кои ќе ви ја доловат Италија без да имате потреба да се помрднувате од омилената фотелја во вашиот дом, но ќе имате впечаток како навистина да сте таму.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на ЗемјатаrnrnСите кои барем еднаш ја посетиле убавата Италија, без разлика дали поминале преку мостот Риалто во Венеција, ручале свежи каноли во Палермо или пак седеле на Шпанските скали, веруваме дека безусловно се заљубиле во преубавата земја која маѓепсува со својата богата историја, шармантните пејсажи, прекрасните градби, вкусните јадења, модата и единствениот стил на живот во кој едноставно мора да се вљубите.rnrnМеѓутоа, колку и да сакаме да патуваме често во Италија или да се преселиме таму, тоа сепак за многумина е невозможна мисија. Затоа се тука филмовите, книгите и музиката кои барем за момент ќе ја донесат Италија во вашиот дом.rnrnВи претставуваме 6 книги кои ја доловуваат магијата на Италија и ќе ве одведат таму од кое било место на Земјата.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

1. Хотел Пеликан (Hotel il Pellicano) – Роберт Виолет

rnОва е приказна за прочуениот хотел кој можеби го претставува најславниот хотелски комплекс во Италија. Самата книга содржи гламурозни слики од 50-тите и 60-тите години, како и историјата на гости кои го посетувале славниот хотел.rn

2. Животот на Прада (The Prada Life) – Џан Луиџи Паракини и Ентони Шугар

rnОва е единствената книга која нуди историски точен и автентичен новинарски профил на најпознатата италијанска модна дизајнерка Мјуча Прада. Читајќи ја оваа книга ќе се запознаете не само со една жена од високиот стил, туку и со софистицираната и преубава Италија.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

3. Леопардот (Il Leopardo) – Џузепе ди Лампедуза

rnНа сите ќе им се допадне приказната за сицилијанскиот принц кој мора да се соочи со генералот Џузепе Гарибалди за време на обединувањето на Италија. По оваа книга е снимен и одличен филм со фантастична сценографија и костимографија, во режија на Лочино Висконти.rn

4. Откривање на минатото: Внатрешен дизајн и архитектура (The Invention of the past: Interior design and architecture) – Студио Перегали

rnИако Милано е познат по одличниот современ дизајн, во оваа книга се издвоени неколкуте најдобри дизајнери од миланската сцена, како Лори Сартори Римини и нејзиниот партнер Роберто Перегали. Прочитајте ја оваа книга и дознајте зошто целиот свет полудува по нивните магични внатрешни дизајни.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

5. Сребрената лажица (The Silver Spoon)

rnИако ретко кој вистински Италијанец поседува готвач, бидејќи нивните мајки ги научиле на сѐ што знаат за готвењето, ова е вистинска кулинарска библија со преку 2.000 рецепти од цела Италија. Оваа книга не е илустрирана, но сепак ќе ве научи како да подготвите совршено рижото миланезе и останати вкусни италијански специјалитети.rn

6. Валентино: На масата на императорот (Valentino: At the emperor’s table) – Валентино Гаравани и Андре Леон Тали

rnНе постои друга книга која повеќе ќе го привлече вашето внимание. Оваа книга дава детален приказ на Валентиновите најраскошни маси, во неговите домови ширум светот. Ќе забележите дека боите и текстурите совршено одговараат на неговите креации.