Овие вкусни лешници одат одлично со жесток пијалак. Бидејќи се лесни за подготовка, со нив можете да ги изненадите вашите гости или едноставно да си ги подготвите за грицкање додека гледате некое интересно филмче.
Време на подготовка: 50 минутиrnrnПотребни состојки:rn
- rn011
- 500 грама лешници
- сол
- бибер
- ким
- 1 супена лажица маслиново масло
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Најпрво пуштете ја рерната да се загрее на 250 степени. Ставете ги лешниците во цедалка и убаво измијте ги под млаз вода.
Потоа тргнете ги на страна и оставете ги да се исцедат и исушат. Земете една поголема тава и во неа истурете ги лешниците. Одозгора ставете ги солта, биберот и кимот и сипете ја лажицата маслиново масло. Во состојките не е наведено колку да ставите од зачините, бидејќи тоа е оставено на вкусот на готвачот. Сепак, не треба да се претерува.
Повремено превртувајте ги и мешајте ги за да не ви изгорат. По 40 минути печење, вашите вкусни лешници се готови. Откако ќе завршите, ставете ги во длабок сад и додадете уште малку сол.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
