Новогодишните светла и елката: Грешките што можат да предизвикаат пожар и што треба да внимавате со миленичињата

Сподели

Без светла нема празнична атмосфера. Но, секоја година пожарникарите предупредуваат дека новогодишната декорација може да биде и опасна ако не се внимава.

Реклама
Реклама

Еве ги најчестите грешки и како да ги избегнете.

Реклама
Реклама

Пред да ги вклучите светлата

Проверете ги старите светла. Ако кабелот е напукнат, оштетен или ако некои сијалици не светат, подобро е да ги замените.

Изберете ЛЕД светла. Тие трошат многу помалку струја и речиси не се загреваат.

Реклама

Купувајте светла со ознака за безбедност и проверете дали се наменети за внатрешна или за надворешна употреба.

Најчестите грешки

  • преоптоварен продолжен кабел – не приклучувајте премногу уреди на еден продолжен кабел
  • светла вклучени цела ноќ или додека никој не е дома
  • елка до радијатор, камин или греалка – особено природната, која брзо се суши
  • свеќи близу елката и завесите
  • кабли провлечени под тепих, каде што се гмечат и загреваат

Тајмер – мал, но корисен

Тајмерот за струја чини малку, а сам ги вклучува и исклучува светлата. Така нема да заборавите да ги исклучите пред спиење.

Елката и миленичињата

Ако имате мачка или куче, внимавајте на неколку работи:

  • стаклените украси ставете ги повисоко, каде што не можат да ги достигнат
  • избегнувајте рибони и тенки сјајни ресички – ако мачката ги проголта, можат да ѝ ги повредат цревата
  • каблите прицврстете ги или скријте ги, за миленичето да не ги гризе
  • ако имате природна елка, не дозволувајте да пие од водата во држачот

Со малку внимание, празниците ќе останат само убаво сеќавање.

Најново

Може ќе ве интересира