Ако имате 8 години и ако дознаете дека вашите родители продале сè што имаат и ве отпишале од училиште, ќе помислите дека сте во рајот. Се разбира шансите да се случи ова се навистина ретки бидејќи повеќето родители сакаат да ги образуваат своите деца на „традиционален“ начин.rnrn
rnrnНо едно семејство од Хердфордшајр сфатило дека сегашниот систем ги правел несреќни и не им дозволувал да ги следат своите соништа. Наместо да продолжат по патот по кој тргнале, тие одлучиле дека е доста. Ги отпишале нивните ќерки од училиште, го продале сиот свој имот и тргнале на патување околу светот.rnrn
rnrn25-годишниот Крис Џексон, поранешен болничар во Лондон, и неговата сопруга Дона тргнале на патување со нивната 8-годишна ќерка Ели и 6-годишната ќерка Мајли. Заминале минатата година и никогаш не се свртеле назад. Крис објаснил зошто се одлучиле на овој чекор.rn
„Ова е најдоброто животно искуство. Мојата сопруга учеше за да стане педијатар и никогаш не се гледавме. Никогаш не поминуваме време со децата. Па помисливме, ајде да патуваме.“
rnНа ова Дона додала:rn
„Луѓето ги земаат работите здраво за готово и остаруваат разговарајќи за нештата кои требало да ги направат, наместо за работите кои ги направиле. Овој свет е толку материјален, што луѓето наместо да поминуваат квалитетно време со нив, им даваат таблети на своите деца во кои тие пак гледаат со часови. Но, ние ги учиме работите кои сакаме да ги знаат.“
rn
rnrnОткако почнале со патување, членовите на ова семејство се многу активни на социјалните мрежи. Редовно ги објавуваат своите авантури на Јутјуб и Инстаграм.rnrnДо денес нивното патување ги одвело до САД, Канада, Бахамите, Аруба и Костарика. Тие дури виделе и активни вулкани, нешто што девојчињата сигурно немало да го видат на училиште.rnrn
rnrnМожеби ќе помислите дека овој начин на одгледување на децата ќе биде соочено со отпор од властите на училиштето на девојчето. Но, Крис изјавил дека директорката на училиштето им е голем фан и дека постојано им коментира на видеата на Јутјуб.rnrn
rnrnНивниот канал JellyBeanTV има над 11.000 следбеници, а неодамна објавија и видео со најдобрите настани од 2017-та година. Но нивното патување не завршува овде. Во 2018-та година планираат да ги посетат Виетнам, Камбоџа и Кина.rnrn
rnrnИ покрај тоа што се со ограничен буџет и го заменуваат хотелското сместување со реклами на социјалните мрежи, на Крис не му е криво за ништо и ги охрабрува сите да го направат истото.rn
„Луѓето секогаш ми велат дека сакат да патуваат, дека им звучи неверојатно, но дека им е страв. Јас ви велам немојте да чекате – не постои совршено време или вистински момент. Единствената личност која ќе влијае на промената сте вие.“
