КАФЕ ПАУЗА

6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

„Се гледаш ли со некого?“ е прашање чиј одговор е или насмеано „да“ или непријатно „не“. Тешко е да се најде партнер. Да се најде вистинскиот партнер е уште потешко. Мора да поминете низ голем број неуспешни први љубовни состаноци додека да ги најдете оние кои ќе доведат до вториот. Дури и тогаш, повеќето не водат многу далеку. Иако понекогаш е здодевно да се биде сингл, има и една позитивна страна тука, а тоа е онаа фаза кога имате силни емоции, но сè уште не сте заљубени. Кој не го сака тоа чувство? Луѓето кон кои имате вакви емоции можат да ви го направат денот поубав само со помош на најобична насмевка. И потоа не престанувате да фантазирате за тоа како би ви изгледал животот со нив. Во тој контекст, постојат неколку типови момци во кои секоја девојка се затрескува пред да го најде вистинскиот…rnrn6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубовrn

1. Момчето кое е предобро за вас

rnОва е класично затрескување во некој кој сметаме дека е премногу добар за нас и дека немаме шанси кај него. Можеби станува збор за најзгодното момче што некогаш сте го виделе или за најталентираниот музичар што сте го слушнале. Факт е дека сите сме се затрескале во некој кој направил да се чувствуваме инфериорни. Токму затоа не се осмелуваме да направиме ништо во врска со нив, туку целосно се препуштаме на фантазијата.rn

2. Момчето кое ја преминува границата

rnМногу девојки не признаваат дека им се има случено ова. Станува збор за затрескување во поранешното момче на најдобрата пријателка, или нејзиниот брат. Тоа е некој за кој е јасно дека не смее да се зема предвид и таквата врска е најстрого забранета. Знаете дека ова момче ја преминува границата, но потајно фантазирате за него и се надевате дека нема да бидете откриени. Ова е уште повозбудливо затоа што се чувствувате како бунтовник.rn

3. Момчето кај кое сте имале шанси, но не сте презеле ништо

rnСите ние сме се затрескале во некого кому не сме се осмелиле да му ги признаеме чувствата. Најчесто се работи за некој добар пријател и не сакате да го уништите вашето пријателство. Ова се случува кога ви се допаѓа некој, но не доволно за да ризикувате да започнете врска со него. Сакате да ја задржите оваа личност во вашиот живот, бидејќи повеќе ја сметате за пријател отколку за ваш потенцијален партнер.rnrn6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубовrn

4. Момчето покрај кое се чувствувате како најголеми идиоти

rnЗатрескувањето во овој тип момче на сите ни е многу добро познато. Секогаш кога ќе го видите, просто заборавате како да стоите. Кога ќе ви прозбори, се однесувате како мачка да ви го голтнала јазикот и кажувате бесмислени глупости, или, пак, неконтролирано се смеете. Откако тој ќе си замине сакате да пропаднете во земја од срам. Ова момче го ставате толку високо на пиедестал што целосно заборавате дека тој е само човек. Толку многу ви се допаѓа, што не можете да функционирате нормално.rn

5. Момчето кое не можете да сфатите зошто ви се допаѓа

rnОва е најзбунувачкото затрескување и најчесто се случува кога одбивате да признаете дека ви се допаѓа некој затоа што се работи за ваш противник или затоа што сметате дека вие двајца воопшто не си одговарате. Но, сепак ви се допаѓа. Постои тензија која не можете да ја игнорирате без разлика колку се трудите. Не му обрнувајте внимание на ова затрескување и оставете го да ви помине.rn

6. Момчето во кое сте затрескани од детството

rnСте пораснале затрескани во ова момче. Додека сте растеле, тој бил главната тема на разговор со вашите другарки и секогаш кога сте го споменувале неговото име, тие негодувале со зборовите „Пак ли за него?!“. Интересно е што вие толку долго сте затрескани во него, што целосно имате заборавено и што ви се допаѓало кај оваа личност. Можеби и затоа веќе ви станало здодевно.rnrnПоголемиот дел од затрескувањата траат кратко. Тие доаѓаат и си одат побрзо отколку што можете да си замислите. Поради нив вие се чувствувате бунтовнички, убаво, паметно и како повторно да сте средношколки. Ова е прекрасно чувство кое треба да го прифатите во целост!