Секој сака да живее среќен живот, но ретко кога луѓето разбираат дека среќен живот е возможен само кога ќе бидете подготвени да го прифатите животот онаков каков што е и кога ќе си дадете ветување дека ќе го живеете максимално секој ден:rnrn
rnrnПочнувајќи од денес, мојата намера е да живеам на таков начин што максимално ќе го ценам времето кое ми преостанало овде, на земјата.rnrnПочнувајќи од денес, ќе се радувам на секој момент, на секое зрно надеж без разлика колку и да е мал зракот светлина што танцува на мојот пат. Ќе бидам среќен/а и благодарен/а за сите убави спомени и сите денови што ми преостануваат.rnrnПочнувајќи од денес, ќе станам подобар/а, ќе се смеам подолго, ќе се трудам понапорно и ќе бидам похрабар/а отколку што некогаш другите би можеле да помислат за мене.rnrnПочнувајќи од денес, со раширени раце и отворено срце ќе се соочам со сите предизвици на мојот пат. Почнувајќи од денес, ќе верувам повеќе во себе, во своите вредности и способности и нема да дозволам нечија критика или омаловажување да ја намали мојата самодоверба.rnrnПочнувајќи од денес, ќе им посветам повеќе време на луѓето кои што вистински ме сакаат. Ќе престанам да ја барам љубовта онаму каде што ја нема или од некој кој не е подготвен да ми ја пружи. Почнувајќи од денес, ќе се сакам повеќе себеси и ќе си бидам најверниот сопатник, пријател, другар.rnrnПочнувајќи од денес, со раширени раце ќе ја прегрнам мистеријата на животот, вдишувајќи го воздухот полн со надеж. Почнувајќи од денес, ќе им отстапам повеќе простор на позитивните мисли во мојот ум, а болката во моето срце ќе се престори во љубов…rnrnПочнувајќи од денес, ќе ја повторувам мантрата: Ова е моето време, мојот живот. Мојот живот е само мој и затоа ќе го живеам на мој начин.rnrnОткако прочитавте за ветувањето кон себеси, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те позитивни мисли за посреќен живот.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Ветете си ги овие работи доколку сакате да живеете живот исполнет со среќа!
