Хотелите направени исклучиво од мраз веќе не се новост, но толку се убави што не можат да се игнорираат новите кои се појавуваат. Најстариот од нив, а воедно и најголем е „Ајсхотел“ во Шведска. Прв пат е изграден пред 25 години во Јукасјерви, мало гратче на северот на земјата со 1.100 жители и 1.000 кучиња. Овде секоја година се собираат уметници и архитекти за да дизајнираат нови апартмани на местото на оние кои се стопиле, претворајќи го местото во голема изложба. Возможно е дури и да престојувате овде. Потребно е само добро да се облечете затоа што температурата внатре може да оди до -7 степени.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.












