Болката во стапалата предизвикана од носењето штикли веќе може да биде минато, со помош на овие чевли дизајнирани од германската компанија „Mime et moi“.rnrn
rnrnТие може да ѝ овозможат на секоја жена да стигне до канцеларијата носејќи рамни чевли, кога ќе биде таму да ги претвори во штикли, додека пак вечерта повторно да ги промени. Имено, оваа компанија создала серија чевли со различни големини на потпетици, што значи дека никогаш повеќе со вас нема да треба да носите резервен пар.rnrn
rnrnТие може да се пронајдат во повеќе бои, а менувањето на потпетицата е многу лесно. Сѐ што треба е да го повлечете чкрапалото, да ја извадите монтираната потпетица и да ја ставите посакуваната големина, при што потоа треба само да згазнете на задниот дел од стапалото, па ќе бидете спремни за претстојната прилика.rnrn
rnrnДодека рамните чевли се со висина од три сантиметри, што се однесува до другите видови штикли, корисниците може да изберат помеѓу три, седум или десет сантиметри.rnrn
rnrnОваа уникатна комбинација ќе ви биде совршен придружник во кој било дел од денот или во која било прилика.rnrnПогледнете го видеото и видете како изгледаат чевлите од соништата на многу жени!rnrn
Остварување на соништата: Штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли
