КАФЕ ПАУЗА

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденскиот и божиќниот кактус се дел од семејството кактуси и се хибриди на бразилскиот шумски кактус. Имињата ги добиле по празниците, поради периодот од годината во кој цветаат.rnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnКоја е разликата помеѓу овие две растенија? Божиќниот кактус потекнува од бразилските дождовните шуми, додека велигденскиот кактус потекнува од сувите шуми. Велигденскиот кактус цвета на крајот на зимата и во рана пролет, а божиќниот кактус за време на зимските празници.rnrnСе разбира, има разлика и во изгледот. За разлика од божиќниот, велигденскиот кактус има ливчиња распоредени во совршен венец. Цветовите можат да бидат во разни бои.rnrnОва растение треба да се чува на силна, но не на директна сончева светлина. За разлика од пустинските кактуси, тоа сака пониски температури, дури и преку ден.rnrnПочвата треба да биде малку влажна и да ја оставите да се исуши пред повторно да го наводнувате кактусот. Квалитетната грижа за велигденскиот кактус вклучува и пресадување на растението на секои две години, во пролет. Потоа, заменете ја почвата, но вратете го растението во истата саксија.rnrnАко вашиот дом е сув, обезбедете му влага ставајќи го на чинија наполнета со камчиња и со малку вода. Испарувањето ќе го навлажни воздухот околу растението.rnrnАко добро се грижите за растението, ќе имате здрав зелен кактус. За да процвета, потребни се ниски температури и долги ноќи. Ако сакате да видите цветови, мора да бидете малку груби кон растението, односно пожелно е малку да го запоставите во постудените месеци. Прво престанете да го храните кактусот, а потоа преместете го на темно место по 12-14 часа во текот на денот. Пупките се формираат најдобро кога температурата е околу 10 Целзиусови степени.rnrnОд октомври до ноември, наводнувајте го растението поретко. Во декември, можете да го преместите на потопло место каде што температурите се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Растението може да почне да цвета веќе во февруари, но циклусот на цветање обично започнува во март, а растението може да ве наградува со убави цвеќиња до мај.rnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnВелигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и вниманиеrnrnПрочитајте и за глоксинијата – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин.