КАФЕ ПАУЗА

Љубовта е во малите нешта

„Љубовта е нешто во што секој може да се пронајде. И љубовта доаѓа во различни облици кои лесно можеме да не ги забележиме во нашите секојдневни животи. Затоа се трудам да најдам значење во нашите секојдневни животи и да ги претворам во уметност“, вели креаторот на овие топли илустрации, кој себеси се нарекува Puuung.

rnrnrnrnТој ги слика оние мали моменти кои всушност ја сочинуваат љубовта во целина. Во врските, секојдневните интеракции се многу поважни од големите гестови. Затоа, овие илустрации се добро потсетување за она што претставува љубовта. Заспивање стиснати на каучот? Гушкање одзади додека едниот готви во кујната? Покривање кога другиот заспал? Безбројни и бесценети се овие мали нешта.rnrnrnrnПогледнете ја галеријата во продолжение. Која слика за вас најдобро ја претставува љубовта?rnrn