Глоксинија (Sinningia speciosa) е растение по потекло од Бразил, кое сега се одгледува низ целиот свет како домашно растение. Расте од 15 до 30 сантиметри во висина, а нејзините цветови во форма на ѕвонче се опкружени со привлечни лисја со нежна и кадифена текстура.rnrn
rnrnПериодот на цветање се карактеризира со богатство и разновидност на бои – нејзинитецветови може да бидат сини, виолетови, розови, бели… Глоксинијата не бара многу внимание, но треба да ѝ обезбедите неколку услови. Ставете ја на многу светло место, но не на директна сончева светлина. Најдобро е да стои до прозорецот, но надвор од дофатот на сончевите зраци.rnrnИдеална температура за глоксинијата е од 16 до 24 Целзиусови степени.rnrnШто се однесува до наводнувањето, наводнувајте ја глоксинијата доволно често за почвата да биде влажна, но не претерувајте. На крајот на сезоната на цветање (во октомври), полека намалете го наводнувањето и потоа прекинете го целосно кога ќе изумрат лисјата. Оставете го растението да хибернира во потемна и посвежа просторија, на температури од 10 до 15 Целзиусови степени. Во февруари или март, повторно започнете со наводнување и ставете го растението во посветла и потопла просторија.rnrnОд март до септември, на глоксинијата ѝ треба ѓубриво што ќе обезбеди цветање во текот на целиот овој период. Додавајте му ѓубриво на растението приближно на секои две недели.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа точкеста бегонија што ќе ве освои на прв поглед.
Глоксинија – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин
