Таа имаше идеја да ја промени женската мода, но не знаеше дека ќе остави белег засекогаш. Модна икона, модерна револуционерка и модна креаторка којашто не беше само жена, туку беше и неповторливата Коко Шанел!rnrn
rnrnТаа имаше таков карактер што реши да ја промени женската мода и да ја направи природно елегантна и софистицирана. И исполни сè што замисли: во модните кругови сè уште се зборува за неа, а многу познати дизајнери сè уште слепо ги следат нејзините правила затоа што дури и во 2019 година нејзиниот стил може да се нарече релевантен.rnrnЕве ги трите најважни модни правила што ни ги остави Коко Шанел:rn
1. Без скапа облека
rnКоко Шанел им објасни на модните гурмани дека воопшто не им е потребна скапа облека, бидејќи колку е поскапо, толку полошо изгледа. Таа креираше здолниште со рамен крој што едвај ги покриваше колена. Тоа беше бум! Нејзината креација ги нагласи половината на жената, колковите, колената и неверојатните нозе. Ова здолниште може да се комбинира само со чевли со високи потпетици.rnrnРаскошните и шарени женски вечерни фустани беа едноставно уништени од страна на елегантниот црн краток фустан што го дизајнираше Коко Шанел за да им даде поинаков вкус на модните гурмани. Овој фустан брзо стана класика и за младите модерни девојки и за повозрасните жени.rnrnКоко Шанел го доведе дневниот стил до совршенство.rn
2. Правоаголна чанта
rnКоко Шанел не гледаше елеганција во обичните чанти. Правоаголната чанта со прерамка за на рамо е нејзин изум. Се разбира, овие чанти не се воопшто невообичаени и ги има на секој чекор, но целокупниот шарм е во вклопувањето со стилот на Шанел. Оригинална Шанел чанта ги има следните карактеристики:rn
- rn 011
- Боја што не свети
- Нема масивен сјај (ниту лого)
- Мала, правоаголна форма
- Прерамката мора да биде испреплетена со кожа и метал
- Мора да има таен џеб
- Квадратна тока
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСпоред Коко, оваа чанта може да ја направи неодолива дури и најдосадната облека давајќи ѝ софистициран изглед.rn
3. Парфем
rnКоко Шанел, кога го преставуваше сега веќе познатиот парфем „бр. 5“, рече дека „така мириса душата на жената“. Префинетата арома со мирис на момина солза никого не остави рамнодушен.rnrnЗа време на едно интервју, кога ја прашале Мерлин Монро: „Што носите навечер?“, актерката одговорила: „Ништо, само 5 капки Шанел“.rnrnПрочитајте ги и овие есенски модни правила за да ги избегнете стилските грешки што ги правите за време на ладните денови.