Бањата не е само место во кое одиме да се избањаме пред да одиме на спиење. Тоа е нашето мало место за релаксација, спа зона и дел од козметичкиот рај во кој секојдневно поминуваме време резервирано само за уживање и средување. Сепак, една работа може да го наруши вистинското уживање во времето кое си го посветуваме само на себе: нередот и многуте работи кои се спремни за фрлање. Не само што сметаат, бидејќи заземаат драгоцен простор, туку се и потенцијален извор на здравствени проблеми. Време е да се поздравите со непотребните работи и повторно да ја претворите вашата бања во безбедно и пријатно место.rnrn
rn
1. Старите сунѓери за капење
rnСтарите сунѓери за капење се легло за бактериите кои се размножуваат во нив благодарение на константната изложеност на вода.rn
2. Козметиката која не сте ја користеле скоро една година
rnДоколку одредена крема или серум не сте ги чепнале година дена, постои голема можност дека нема никогаш повторно. Но исто така, рокот на траење на повеќето козметички производи е околу една година, па со производот кој стои толку време неискористен може да направите поголема штета отколку што би имале корист.rn
3. Козметиката која ги променила текстурата, бојата и мирисот
rnДури и ако официјално не истекол рокот на траење, сите козметички производи кои ја промениле текстурата, бојата или мирисот, морате да ги фрлите, бидејќи може да предизвикаат иритација или алергиска реакција.rnrn
rn
4. Старите завеси за туширање
rnЗавесите, исто така, се секојдневно изложени на вода, а после користењето сигурно не ги сушите на воздух, па затоа би требало почесто да се менуваат. Доколку некои делови од завесата се веќе пожолтени, време е за промена.rn
5. Лекови без видлив рок на траење
rnКутијките со лекови најчесто ни заземаат доста простор во орманчето во бањата, па затоа често ги фрламе веднаш штом го отвориме лекот. Но, на нив најчесто се наоѓаат и бројки кои го означуваат датумот на производство, како и рокот на траење. Доколку не сте сигурни колку е стар некој лек, подобро е да го замените со нова доза.rnrn